Пендаровски вели дека сепак може да се преиспита работата на контроверзните здруженија
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022 21:01
Шефот на државата, Стево Пендаровски вели дека има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија, ако тие не работат во насока на она што го декларирале.
Според него, еден од тие услови е ако разгоруваат национални или верска омраза и нетрпеливост.
„Инаку, некои од здруженијата се формирани пред три години. Последното е формирано пред една година. И не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори, генерално после 17 години, тоа да биде баш случајно. Јас пред три месеци, ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот Закон и гледам дека Владата кон крајот на месецов најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот за понатаму, значи од усвојување на законот па понатаму“, додаде Пендаровски.
Клубови со контроверзни имиња се отворија со Битола, Охрид, а во најава е таков да се отвори и во Богданци.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




