05 Декември, 2025
0.4076

Пензии во САД: Некогаш потпретседател, сега работи за 10 долари на час

Објавено во: Стил 24 Септември, 2013 21:40

Добивај вести на Viber

Tом Палоум се чини има два живота, а неговата приказна ја пренесоа локалните американски медиуми. На врвот на својата кариера тој имал 6 цифрена плата, бил потпретседател на маркетинг одделот на компанијата Oral -B и летал во прва класа до Европа. Денес има 77 години и работи на две места - како демонстратор на храна во супермаркет и во голф клуб , каде што служи бургери и пијалоци. На едната работа заработува по 10 долари на час , а на другата малку над минималната надница за САД (7.25 долари ). Палоум не е мрзелив . Тој работел напорно во текот на целиот свој живот, ја исплатил хипотекатата и го платил образованието на нивните деца. Но како и повеќето Американци, нема заштеда за во пензија. Според инвестициски експерти, во САД човек треба да е заштеди помеѓу голем дел од приходите , за може да о одржи стандардот на живот во староста. Кога во 2008 година почна светската финансиска криза, заштедата на Палоум од 90 000 долари се топи. Одеднаш тој снемува пари и бара каква -таква работа. Повеќето Американци , кои работат за минимална плата на стари години , се потпираат на социјална помош. Би требало кај средната класа да е подобро , но не е така . Излегува дека расте бројот на поранешни вработени на добри позиции, кои по одредена возраст аплицираат за ниско платени професии. Лани 7,2 милиони Американци на возраст над 65 години работеле . Некои возрасни луѓе прибегнуваат кон тоа да бараат помош од своите деца , но Палоум не сака да го прави тоа . Тој е здрав , се чувствува добро и претпочита да работи. Тој работи на двете работни места во различен ден од седмицата. Во еден ден може да се види како демонстрира храна во супермаркет и разговарате со клиентите. Следниот ден има  8 -часовна смена во Rogers Park Golf Course во Тампа . Таму тој прави речиси сè - сервира , преместува, пече бургери, работи на касата . За целиот ден заработува 80 долари , или 7.98 долари на час , што е малку над минималната плата . Месечно тој добива 600 долари пензија од последната работа и 1 200 долари социјална помош . За да штеди пари, тој пушта машина само еднаш неделно и не користи топла вода, освен за туш наутро. Купува авио билети , за да ги посети своите деца, 6 месеци порано. Палоум е израснат во семејство на двајца емигранти . Тој дипломирал на Универзитет и започнува да гради кариера. Во 1975 година прави пробив и станува потпретседател на маркетинг одделот на Оral -B . На 39-годишна возраст има 5 - цифрена месечна плата. Викендите игра голф со други бизнисмени . Сето тоа тргнува надолу кога неговата сопруга загинува во сообраќајна несреќа во 1983 година. Ќерка му предлага да  прекине со учењето на универзитет и да се врати дома, за да се грижи за другите две деца - на 14 и 16 години . Палоум инсистира таа да остане на универзитетот. Кога има 44 години тој ја основал својата консултантска компанија. Иако не заработува колку претходната работа , прави околу 120 000 долари годишно и има неколку големи клиенти. Го плаќа образованието на децата на колеџ , но не му доаѓа на памет да мисли за пензионирање. Работел за себе и немал пензиски фонд . Кога започнува финансиската криза заштедите на Палоум , кои се претежно инвестирани во акции, се намалуваат од 90 000 на 40 000 долари. Помеѓу 2008 и 2011 година Палоум поднесол барање во околу 100 работни места во големите компании, но насекаде му откажувале , бидејќи е премногу возрасен . Затоа почнува да го работи она што ќе го најде. Палоум е енергичен , секое утро го започнува денот со физички вежби , 3 пати неделно вози велосипед . Низ животот , тој жали само за едно - дека не добил добар совет за пензиското осигурување , кога бил помлад.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: