28 Април, 2024
0.0258

Пензионери ќе добиваат пониски пензии затоа што ПИОМ има „дупки“ во архива?

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Се уште има граѓани кои навршиле години за да се пензионираат, а во државниот ПИОМ не им е засметан сиот работен стаж. Најголемиот дел од проблемите на овие лица е поради фактот дека фирмите во кои работеле пред триесетина и повеќе години, веќе не постојат, па докажувањето оди тешко. Кој е одговорен за оваа ситуација и кој ќе им надомести на овие граѓани кои поради тоа што нивниот одработен стаж не евидентиран сега ќе земаат помала пензија од таа што реално ја заслужуваат. Граѓани постојано укажуваат дека се соочиле со ваква ситуација, потврда за проблемот стаса и од државните ревизори, кои во последниот извештај за работата на ПИОМ утврдија дека дури 4.210 лица кои го оствариле правото на пензија моменто имаат ваков проблем.

„Кога отидов во ПИОМ да си го регулирам стажот бев шокирана кога сфатив дека ми недостигаат уште шест години кои секако ги имам изработено. Се сеќавам дека кога во 1985 година проверував овој стаж го имаше. Станува збор за две фирми во кои сум работела тогаш – за едната беше спорен стаж од година и половина што го регулирав во Државниот архив. Остатокот не може да се впише никако. Фирмата е ликвидирана, а стечајниот управник ми вика дека нема никакви документи кои може да се искористат. Поранешната финансиска директорка пак тврди дека мора во ПИОМ да имаат податоци затоа што во тоа време, уште во бивша Југославија, податоците од М4 законски морале да ги доставуваат, се жали М.Р. која проблемот го сподели и јавно.

На нејзината објава се надоврзаа и други граѓани со слични проблеми, а токму за тоа се клучните забелешки на ревизорите во извештајот за ПИОМ.

„Неможноста за потврдување на податоците за стаж во одреден период во минатото поради некои слабости и законските решенија за начинот на утврдување на стажот како основа за признавање на правото и за висината на пензија, го нарушуваат и доведуваат во прашање остварувањето на личните материјални долгорочни права од ПИО – пред се остварување на пензија на дел од осигурениците кои немаат механизми за докажување на платен придонес за периодот во осигурување. Според анализите на Фондот до денот на ревизијата бројот на овој вид осигуреници кои имаат постигната возраст за остварување на правото од ПИО изнесува 4.210 лица, со тренд овој број да расте во идниот период, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Според податоците, од 1977 до 2005 година внесот на податоците за осигурениците се вршел рачно. До 1992 година за архивирање на документацијата се користела микрофилмска технологија, а податоците се читале преку читач на микрофилмски ролни. Од 1996 до 2005 година архивирањето се врши преку скенирање на М пријавите. Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави за периодот од 1992 до 1996 година.

По некои анализи, Фондот изготвил информација во која стои дека од вкупно 2.594 микрофилмски ролни досега се дигитализирани 32 отсто и преостануваат уште 1.316 ролни со околу 7 милиони и сто илјади документи.

Од Фондот изјавуваат и дека во текот на минатата година не користеле фирма за дигитализација на микрофилсми ролни туку е користен микрофилмски скенер набавен во 2017 година. Ревизорите му препорачуваат на ПИОМ да ја преиспита реалната потреба и начинот на дигитализирање на микрофилмски ролни и обезбедување складирање на документите на електронски медиум. Да се покрене иницијатива до надлежното министерство за изнаоѓање на законско решение за обезбедување на остварување на право од ПИО во услови кога матичната евиденција не располага со соодвтени податоци ниту истите можат да се обезбедат на друг начин.

До тогаш, ако тоа воопшто се случи граѓаните долгорочно ќе бидат оштетени, затоа што ќе имаат помала пензија од реално заслужената.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност