Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 18:00
Пензионерите наместо најавените 6,8 отсто добија покачување од само 5,3 отсто.
Со последното зголемување на пензиите од 5,3 отсто, оние со најниски пензии, кои во моментов изнесуваат 11.897 денари, ќе добијат дополнителни 700 денари, а пак за оние со највисока пензија од 69.803 денари, според пресметките, би добиле зголемување од околу 3.700 денари. Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување. Протести имаше во повеќе градови.
Од вкупно 336.806 пензионери, кои се евидентирани во ПИОМ заклучно со август, 97.033 добиваат пензии до 13.300 денари, 66.454 пензионери имаат пензии до 16.000 денари, а 86.719 – до 22.000 денари.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




