18 Декември, 2025
0.0488

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ФИНАНСИСКИ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА И ОБРАТНО: Многу граѓани тешко успеваат да бидат целосно независни

Објавено во: Економија 14 Август, 2023 10:17

Добивај вести на Viber

Во време кога пензионерите бараат покачување на пензиите и протестираат за таа цел, прашавме некои од нив како опстануваат. Дел од нив велат дека помагаат на своите деца кои немаат стабилни и добри примања, но има и обратни случаи, кога децата финансиски помагаат на своите родители пензионери затоа што малите пензии не им стигаат.

Многу пензионери велат дека добар дел од пензијата ја трошат за лекови. Според нив, со овие пензии нема комфорен живот.

„Мојот сопруг со 35 години стаж, зема пензија од 10.000 денари. Тој е болен и јас не сум добра, така што не ни стигнуваат тие пари за лекови. Скоро 6.000 денари даваме за лекови, а поскапите не ги ни купуваме. Децата си имаат свои семејства, обврски. Треба на сите пензионери да им се зголемат пензиите“, вели Филонка Анчевска, граѓанка.

Пензионерите не сакаат да бидат на товар на децата, но се принудени.

„Мене 40-50 отсто од пензијата ми оди за лекови. Ми помага син ми. Многу е тешко и за зимно време. Ми купија 6 кубици дрва, ние сме стари и ни треба греење, не можеме да седиме во студени простории“, рече Анастасија Маневска, пензионерка.

Друг пензионер вели дека тој помага на своите деца.

„Јас имам скоро 40 години стаж, а пензијата не е ни 20.000 денари. Смешно е покачувањето од 6 отсто. Јас како пензионер им помагам на децата, а другите пензионери немаат ниту за себе“, објаснува Стојан Кузмановски, пензионер.

Оние кои допрва ќе го остварат правото на пензија, се свесни дека ќе мораат да живеат со ниска пензија како и повеќето пензионери.

„Мојот сопруг треба да земе пензија, но со 15 години стаж, знаеме дека пензиите се мали. Оние кои имаат, даваат на децата, а оние кои немаат, мораат да бидат на грбот на децата, тие да ги издржуваат. Не е добро ниту за млади, ниту за стари, ниту за вработени, ниту за пензионери, затоа што знаеме дека и платите се мали“, додава друга граѓанка.

Социологот Марија Дракуловска Чукалевска вели дека луѓето се трудат да ја одржуваат таа семејна кохезија и помошта не е само финанисиска, туку и емотивна. Додава дека во земјава има граѓани кои не можат самостојно да си го организираат животот.

„Не треба да генерализираме, но сепак ситуацијата во нашата држава е таква, ние не можеме од тоа да избегаме, иако јас знам во моето опкружување постари луѓе кои не им помагаат на своите деца, затоа што тие се самостојни, имаат добри примања, а пензионерите сакаат квалитетен живот во трето доба. За разлика од развиените земји, каде детето после 18 години се осамостојува, овде на таа возраст младиот човек може да се осамостои, но можно е и понатаму да му треба поддршка, а таа поддршка не е само финансиска, туку и емотивна. Постои таа емпатија, семејна солидарност. Постарите помагаат и во смисла на чување на внуци, одржување на домот, кратат од своето време, од квалитетот на живот“, рече Дракуловска Чукалевска.

Пензионерите ширум земјава за неделава најавија протести. Бараат покачување на минималната пензија во согласност со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии. Во земјава има повеќе од 330.000 пензионери. Од нив над 94.000 месецот го поминуваат со нешто помалку од 14.000 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје