13 Декември, 2024
0.0308

ПЕНЗИОНЕРИТЕ РАБОТАТ ЗА ДА ЗЕМАТ НЕКОЈ ДЕНАР ПЛУС: Ги прашавме како се справуваат со заморот?

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Пензионерите работат за да заработат некој денар плус и велат дека тоа го прават затоа што мораат, не затоа што сакаат. Признаваат дека се чувствуваат изморени, веќе ја немаат енергијата која ја имале на млади години, но се трудат да обавуваат некоја работа која ќе им донесе дополнителен приход.

Некои шијат, други прават анкети, трети продаваат на пазар или самите произведуваат храна и слично. Нашите соговорници пензионери објаснуваат дека кога би имале повисоки пензии, не би работеле, напротив, би оделе на бања за да се рехабилитираат.

„Напорно е секако. Најлесно ми е кога ќе седнам да продавам, а кога работам на нива е тешко. Чувствувам замор. Со текот на годините, секоја година ми е сè потешко. И другите се жалат. Нормално дека е тешко на 40 степени да се произведе храна и да ја продаваме потоа. Кој сака да работи на 65 или 70 години? Работат затоа што мораат“, објаснува Андрика Апостоловска, пензионерка која продава зеленчук и овошје на пазар.

Има и пензионери кои во текот на работниот век се занимавале со занаети кои денес се солидно платени и истите месечно можат да заработат колку што изнесува нивната пензија.

„Пензијата е ниска, и се чувствувам дека можам да работам и работам. Гледам да не се оптоварувам многу, но со годините чувствувам замор. Кога бев млад сум работел од 8 часот наутро до 20 часот навечер, ама сега работам само по неколку часа во денот ако најдам ангажман. Да имам висока пензија, би отишол на викендица и таму би седел, би се занимавал со нешто, на пример со производство на зеленчуци. Има пензионери што работат физичка работа. Берат тутун, пиперки, се снаоѓаат“, додава Милош Божиновски, пензионер.

Ако се вешти во изработката на ракотворби, пензионерите се трудат и од тоа да извадат приход плус. Дури има и случаеви кога пензионерите одат во странство за да заработат. Некои ги нудат своите занаетчиски вештини, други се вклучуваат во туристичкиот сектор.

„Повеќе од половина, 60-70 отсто се во сивата економија. Прво не знаат дали е тоа легално и се плашат дека ако имаат прилив, да не им ја запрат пензијата. Некој работи затоа што му требаат пари, други се зафатени со неплатена работна сила во домот, чуваат деца, внуци. Се занимаваат и со есенски работи, собирање на лешници, костени и продавање на пазар, како и помош во градинарски работи на побогати семејства.  Познавам многу жени и мажи кои чистат по кафулиња, работат онлајн продажба, плетат. Многу Македонки пензионерки одат во странство, во Германија, во Австрија, и чуваат стари лица, а доколку не знаат јазик и немаат европски пасош, одат во Хрватска, Србија за истото или работат во туризам во Хрватска. Апел до работодавачите, да не им се крева косата на глава, ако некој е пензионер и бара работа“, вели Светлана Петковска, претседателка на Организацијата на жени во Општина Битола и пензионерка.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова, деновиве кажа дека реалноста во Македонија е поразителна затоа што македонското население старее, а младите се иселуваат. Според неа за да се надомести работната сила сè повеќе домашни компании се обидуваат да ги заинтересираат работоспособните пензионери за ангажман. Дел од големите трговски синџири, некои транспортери, агенции за обезбедување, почнаа да нудат позиции што одговараат како на годините, така и на здравствената и психофизичката состојба на пензионерите. И во Хрватска, според пишувањата на тамошните медиуми, пензионерите работат во повеќе дејности, затоа што имаат ниски пензии и со нив не можат да опстанат.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полициски службеници по наредба на ОЈО влегоа во Судскиот совет

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полициски службеници по наредба на ОЈО влегоа во Судскиот совет

ОХРИД Е ВИСОКО ЗАГАДЕН: Во другите градови полесно се дише

ОХРИД Е ВИСОКО ЗАГАДЕН: Во другите градови полесно се дише

ИСЧЕЗНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ: Роднините молат за помош

ИСЧЕЗНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ: Роднините молат за помош

БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор

БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор

БАРААТ ДОКАЗИ: Обвинителството влезе во Судскиот совет

БАРААТ ДОКАЗИ: Обвинителството влезе во Судскиот совет

Полицијата врши претреси во Судски совет

Полицијата врши претреси во Судски совет

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

„Би било опасно и штетно да одиме кон целосно забранување “: Андоновски за проблемите од предизвикот на ТикТок

„Би било опасно и штетно да одиме кон целосно забранување “: Андоновски за проблемите од предизвикот на ТикТок

КОЛЕГА БУЈАР, КРИВО МАГАРЕ НЕКА КАНДИДИРААТ ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ МАСОВНО, САМО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ДА НЕ ВЕ ГЛЕДАМЕ ВЕЌЕ НА ВЛАСТ: Д-р Лазаров му се обрати на Османи

КОЛЕГА БУЈАР, КРИВО МАГАРЕ НЕКА КАНДИДИРААТ ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ МАСОВНО, САМО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ДА НЕ ВЕ ГЛЕДАМЕ ВЕЌЕ НА ВЛАСТ: Д-р Лазаров му се обрати на Османи