Пензионерите засега се спасија: Што одлучи УЈП за е-персонален данок
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018
Во следните седум години пензионерите ќе нема потреба да се пријавуваат во електронскиот систем за даноци во УЈП за пензионерите кои не остваруваат друг приход освен пензија.
Ова го кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска која нагласи дека обврската која им ја наметуваше новото раководство на овој вид граѓани се одложува.
Електронскиот систем до крајот на октомври регистрирал 36 000 граѓани а до денес се пријавени 300 илјади корисници. Сепак, и оваа бројка е мала ако се земе предвид фактот дека 900 илајди изнесува бројот на даночни обврзници.
Постарите даночни обрзници не се во состојба сами да се регистрираат електронски.
„Јас им реков на пензионерите да не брзаат затоа што од УЈП најавија дека ќе кажат дали има некој пропис, дали на пензионерите ќе им се олесни регистрирањето. Штом ќе биде соопштено ние ќе ги информираме. Индивидуално е, можеби некој се регистрирал со помош на блиските, но голем број пензионери ниту знаат да ракуваат со компјутер ниту пак имаат свој компјутер“, вели Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.
Томе Димитровски, претседател на Здружението на пензионери Битола, вели дека пензионерите треба да бидат внесени во системот за да има евиденција, но според него, мора некој од УЈП да им помогне за пополнување на образци, и да има соработка.
„Разбираме дека евиденција мора да има, но пензионерите не знаат тоа да го направат сами, и добро е да дојде некој од кај нив кај нас во канцелариа, да помогне старите луѓе да се регистрираат“, смета тој.