26 Ноември, 2024
0.0257

Пензионирањето на 64 години не е единствена мерка за администрацијата: Се крои нов закон

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Требаше само да го измени, но Владата одлучила да се подготви комплетно нов Закон за вработените во јавниот секктор. Новите законски одредби во моментот се подготвуваат во Министерството за информатичко општетсво и јавна администрација, а оттаму велат дека пристапуваат кон сосем нов закон затоа што се покажало дека ако се менува постојниот ќе треба да се смени повеќе од една третина. Сегашните одредби, според креаторите на новите решенија, во изминативе пет години придонеле на површина да излезат голем број практични проблеми во имплементацијата. Во меѓувреме ќе се подготвува и комплетно нов Закон за административни службеници.

Не се откриваат конкретни детали кои ќе бидат промените во законите, но се тврди дека ќе се оди на тоа да се зголеми ефикасноста и контролата меѓу вработените во јавниот сектор. Премиерот Зоран Заев неколкупати потенцираше дека има волја за намалување на бројот на ангажирани административци, но државата нема да се откаже од рамковните вработувања односно од одржувањето на правичната застапеност во државните институции.

Во програмата за работа на Владата во овој мандат пишува дека во јавниот сектор има многумина кои сметаат дека немаат обврски кон државата и кон граѓаните.

„Структурата на институции и нивната поставеност е далеку од оптимална и создава бесконечни лавиринти, кои наместо да ги штитат правата на граѓаните и да ја помагаат економијата, стануваат нивни кочничари. Во согласност со Охридскиот Рамковен Договор, Владата ќе обезбеди ефикасно и квалитетно спроведување на процесот на унапредување на правичната и адекватна застапеност во јавната администрација. Истото ги опфаќа и органите кои што не се регулирани со Законот за јавна и државна администрација, на сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни овластувања, пишува во програмата.

Таму стои дека во првите шест месеци од мандатот, ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор во државните институции, а дека етничката припадност нема да се злоупотребува при вработувањата.  Таму е напишана и заложбата да се намали бројот на вработени за 20 проценти преку спојување на функции и надлежности на институциите, пензионирање на 64 години. пакети за трансфер во приватен сектор или предвремено пензионирање.

Со новите законски решенија треба да се реорганизира јавната управа за да нема преклопување на надлежностите меѓу институциите. Треба да се знае точно кој е креатор на политики, кој спроведувач на политики,  а кој спроведувач на инспекциски надзор. Се сака да се избегне ситуацијата само еден човек „од горе“ да ги носи одлуките со што се забавува и администрацијата. Има определба и да се замени концептот дека ако еднаш си раководител треба да бидеш тоа до пензија.

Секако беше најавено и дека административците ќе добиваат и повисоки плати - награда за резултат односно додатоци од 5 отсто на плата доколку ги постигнат целите кои на почеток на година Владата ќе ги утврди како нивна задача. На овој начин Владата очекува да ја стимулира администрацијата да го даде својот максимум, а од друга страна и јавноста и бизнисот да немаат впечаток дека даваат повеќе пари за одржување на скап и бавен апарат.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу