17 Мај, 2024
0.0273

ПЕРЕЊЕ ПАРИ ПРЕКУ ДИРЕКТОР ВО НЛБ: Кој е осомничениот екс министер од Владата на Груевски?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Кој е поранешниот министер во време на владеење на Никола Груевски и Али Ахмети, кого јавниот обвинител Марко Зврлевски го гони за перење пари со помош на актуелни и сегашни директори на НЛБ Тутунска банка,  е прашањето на кое целата јавност го очекува одговорот. Од Јавното обвинителство не откриваат детали, ниту пак посочуваат иницијали. Само кусо посочуваат дека е отворен предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за перење пари.

„Постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Поранешни министри од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се и министрите Зоран Ставрески, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, но речиси е извесно дека за нив не е покренато вакво обвинение од Јавното обвинтелство, со оглед дека станува збор за високи партиски функционери, зад кои партијата застана при сите истраги од Специјалното јавно обвинителство, а со оглед дека јавниот обвинител се смета за близок на ВМРО-ДПМНЕ, извесно е дека за никој од нив не е покрената ваква истрага.

И поранешнот министер за финансии Трајко Славевски, кого го исконтактиравме, вели дека не е дел од овој случај, ниту пак имал некакви контакти со Јавното обвинителство и посочената банка.

Поранешниот министер за информатичко општество, битолчанецот Иво Ивановски – кој во екот на политичките „бомби“ си даде оставка од извршната власт и без поголема помпезност во јавноста замина да работи надвор од Македонија, остана недостапен за коментар за овој случај. Инаку, Ивановски е извршен директор во  Мтел, Бугарија. Оваа компанија е дел од австриски Телеком, а во Телеком Австрија доминантен сопственик со 51 отсто акции е компанијата на еден од најбогатите луѓе на светот, Мексиканецот Карлос Слим, со кого Ивановски бепе во добри односи за цело време од своето министерување.

Освен поранешните министри од ВМРО-ДПМНЕ, одговори побаравме и од поранешните министри од ДУИ, од ресорот економија.  Но, Фатмир Бесими, Беким Незири и Ваљон Сарачини кои го раководеа овој ресор велат дека не се дел од истрагата, ниту пак имаат информации за што се работи. А нити поранешната министерка за економија од партијата на Тито Петковски, Вера Рафајловска, се посочува дека не е поврзана со оваа истрага.

Останува неизвесно, кој е поранешниот министер од владата на Груевски и Ахмети за кого сега јавниот обвинител покрена истрага за перење пари.

Информации за истрагата немаат ниту во Тутунска банка. Ниту поранешнио директор на банката, ниту актуелниот менаџмент на банката засега немаат инфромација за што станува збор и за каков случај се работи.

Во соопштението на Јавното обвинителство е наведено дека ќе се бараат дополнителни докази со помош на МВР.

„Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Во Тутунска банка велат дека сеуште не добиле такво барање од МВР, но кога ќе го добијат соодветно ќе постапат согласно законските процедури, но засега случајот неможе да го коментираат се додека не се добијат целосни информации од надлежните институции.

За кратко време,Тутунска банка се соочи со два проблеми. На вчерашната најава за истрага од страна на Јавното обвинителство, и претходеше грабеж на три милиони евра. Крадците за најдени, но парите засега ги нема, а истрагат за случајот сеуште е во тек.  

Случувањата во јавноста отвораат повеќе прашања, кои одат од призмата на политичка пресметка во која е вклучена и банката, па се до конкурентска битка, ако се земе во предвид најавите за продажба на Тутунска банка во Словенија, иакко засега банката во Македонија не е на продажба. 


Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП