01 Октомври, 2023
0.0252

ПЕРО АНТИЌ, КИРЕ ЛАЗАРОВ И ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ, БРЕНД АМБАСАДОРИ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Вистинска реткост е да се видат заедно големите мајстори во својата професија, а токму денес Видеолотарија ги спои со цел д ги поддржи и во нивните нови спортски предизвици, но и во поттикнувањето на младите да ги препознаваат како свои спортски идоли. Спортските легенди Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе, се бренд амбасадори на Видеолотарија оваа година.

На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите амбасадори за оваа година, со кои ја продолжува својата пракса да го поддржува спортот и најдобрите спортисти од Македонија. Со задоволство информираме дека нашите бренд амбасадорите се претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе.

Задоволен сум од соработката со Видеолотарија, со која заедно минатата година претставивме нови спортски игралишта кои ги реновираше компанијата, во рамки на своите општествено одговорни цели, сакајќи да придонесе за создавање нови спортски таленти во иднина. Верувам дека оваа убава пракса, ќе продолжи како убав спортски тренд за младите и оваа година, изјави Кире Лазаров, кој веќе трета година е бренд амбасадор на Видеолотарија.

Со Видеолотарија сме заедно веќе неколку години и јас сум многу задоволен што го препознаа мојот потенцијал и со години заедно го градиме успехот. Еве и сега, верувам, заедно ќе се радуваме на мојот нов предизвик во новата сезона, која ќе почне на 15 и 16 април, сподели Игор Стефановски Иџе.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ изрази голема благодарност за поддршката која ја доби и за федерацијата, но и за оваа нова улога, како бренд амбасадор. Тој додаде дека се радува што токму нашата земја ќе биде домаќин на две првенства. Во текот на јули, на гости во Скопје, ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари, во ко-организација со ФИБА. Ова се значајни настани за кои Видеолотарија не поддржа, поради што како претседател на КФСМ сум многу благодарен, додаде Антиќ.

„Под мотото „Играј со најдобрите“ Видеолотарија ќе продолжи да ги негува нашите заложби за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти и во иднина.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно#ИграјСоНајдобрите

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Ангел Анѓушев на Бизнис форум во Тирана: На компаниите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

Ангел Анѓушев на Бизнис форум во Тирана: На компаниите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Нашата Камка Тоциновски во нова серија на Телеком Србија, уникатниот драмски трилер „Посета“

Нашата Камка Тоциновски во нова серија на Телеком Србија, уникатниот драмски трилер „Посета“

За помалку од еден час закажани и направени над 300 бесплатни кардио прегледи од Клиника Жан Митрев

За помалку од еден час закажани и направени над 300 бесплатни кардио прегледи од Клиника Жан Митрев

ФЕРО ИНВЕСТ ПОЧНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ТРАФОСТАНИЦИ ЗА ЕЛЕКТРАНИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

ФЕРО ИНВЕСТ ПОЧНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ТРАФОСТАНИЦИ ЗА ЕЛЕКТРАНИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 105,85 евра за мегават час, на МЕМО 108,03 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 105,85 евра за мегават час, на МЕМО 108,03 евра за мегават час

Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи

Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла