05 Декември, 2025
0.0829

Перо Антиќ за две години ќе заработи 2,5 милиони долари

Објавено во: Стил 29 Јули, 2013 13:39

Добивај вести на Viber

Перо Антиќ, првиот македонски кошаркар во НБА-лигата, во следните две години во дресот на Атланта хоукс ќе заработи речиси 2,5 милиони долари со што дефинитивно влегува на списокот на најплатени спортисти во историјата на македонскиот спорт.

Станува збор за вкупна сума, од која 1,2 милиони долари се за првата сезона и додека 1,25 милиони долари би легнале на сметка на македонскиот репрезентативец во втората година, но тие не се гарантирани. Ако и кошаркарот и клубот бидат задоволни од евентуалната соработка по две одминати сезони, постои опција за продолжување на договор за уште една година во која Антиќ би заработил дополнителни 1,56 милиони долари.

Ова се податоци објавени на специјализираната интернет-страница „Хупсворлд“, каде што се објавени платите на сите кошаркари што играат во НБА-лигата, најголем дел од официјални извори, а делумно и од неофицијални извори како што е случајот со напиот кошаркар, со оглед на тоа што челниците на Атланта не објавија детали за договорот со него.

Крилниот центар и покрај повеќе од солидната годишна плата, која за македонски услови е речиси фантастична, сепак, ќе е на дното од платниот список од Атланта, барем меѓу играчите што досега обезбедија загарантиран договор со овој тим. Најплатен е Ал Хорфорд со 12 милиони долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: