Добивај вести на Viber
Паниката и стравот од потенцијална глобална пандемија на ебола, не ретко се злоупотребува од измамници, кои се обидуваат на исплашените граѓани да им продадат препарати кои наводно помагаат во справувањето со опасниот вирус.
Над 4.000 луѓе починаа од ебола во светот, двојно повеќе се заразени, а на повидок нема ниту вакцина ниту испитан вистински лек кој може да помогне. Лабораториите во цел свет активно работат за да се пронајде таков препарат, но засега нивните испитувања се уште се во почетна фаза.
Затоа, колку и да се плашите од вирусот на ебола, не наседнувајте на овие т.н. „кризни профитери“ кои се обидуваат да заработат на стравот и да продадат сомнителни „лекови“ за опасниот вирус. Уште повеќе, што користејќи непроверени препарати често можете само да ја влошите ситуцијата.
Еве што се продава на интернет како препарат кој наводно спречува или лекува ебола:
1. Витамин Ц
Од мали сите знаеме дека за борба против вируси е важно да се јакне сопствениот имунитет. А за ова нема подобро средство од витамин Ц. Затоа и во нашето општество има обичај на болниот да му се носат лимони, портокали или друго овошје. Кардиологот и интернист Томас Леви тврди дека токму витаминот Ц е најдобрата работа за превенција на ебола, затоа што високи дози на овој витамин можат да го уништат вирусот пред тој да направи зло во организмот. Но, повеќето негови колеги го тофрлаат ваквото тврдење како будалаштина, затоа што портокалите и лимоните на никој начин не можат да се справат со најопасната болест на денешницата.
2. Гарциниа кола
Ова растение уште познато и како „горка кола“ се верува дека има антимикробни својства и традиционално со векови се користи во Африка како природен лек за бронхитис, воспаление на грлото, главоболка, настинка и кашлање. Директорот на една компанија во Мериленд која се занимава со биолошки истражувања Морис Иву смета дека семките од ова растение можат да го спречат ширењето на вирусот на ебола. Се поголем број Нигеријци веќе носат и огрлици со семки од ова растение за заштита.Но, иако не може да одмогне, ова едноставно не делува. „Горката кола“ не е чудотворен лек, а тоа го потврдил и нигерискиот министер за здравство Онејбучи Чукву, кој на својот народ мораше да му нагласи дека тоа што носат семки од растение не ги штити од вирусот.
3. Кинески тревки
Традиционалната кинеска медицина датира илјадници векови наназад и се верува дека нејзините препарати успеале да се справат со многу епидемии, вклучувајќи ја чумата. Сопственикот на еден портал за алтернативна медицина Мајк Адамс тврди дека некои од растенијата кои имаат антивирални својства можат да бидат ефикасни и против еболата „особено затоа што западната медицина не нуди никакво решение. Слично како со витаминот Ц и тој смета дека клучно за борба со оваа болест е јакнењето на имунитетот, па ги повикува луѓето кои сакаат да се заштитат да престанат да пушат, да се наспијат добро, да внесуваат многу течности и витамин Д и да избегнуваат стрес. Ништо од ова не е штетно, но не е докажано дека помага во борбата против ебола.
4. Подмачкување со токсини
Многу компании се обидуваат да заработат на глобалната паника, така што на луѓето за борба против ебола им продаваат етерични масла, кои инаку се користат во козметичката индустрија или како средство за освежување на простории. Според нивното објаснување, честичките н апостојните лекови не можат да пројдат низ мембраната на вашите клетки и да ги уништат вирусите во нив. Но, затоа магичното масло „може“.... Е ова може да биде навистина опасно дури и за луѓе че здравје не е нарушено и ги користат ваквите препарати како превентива, а уште повеќе за оние што веќе се заболени со ебола. Бидете внимателни бидејќи одредени етерични масла, доколку испиете, можат да бидат отровни!
5. Со пливање против епидемија
Да, морската вода е лековита, тоа го знаеме сите. Но, многу загрижени граѓани од Нигерија секојдневно се потопуваат во када со раствор од морска сол. Така ги советувал владетелот на Кралството Игдала, Идакво Мајкл Амех Обони Втори, за кој се верува дека наследил мистична моќ од својот татко. Тој ги убедил дека така ќе ја излекуваат еболата. Но, не е сеедно како се бањате! Ако сакате да го избркате опасниот вирус, според него, треба да влезете во када меѓу полноќ и четири часот наутро, а овој совет многу жители го добиле по СМС порака. Исто така, пред бањање, добро е да се напиете малку солена вода и да изрецитирате стихови од Куранот. Непотребно да се каже - нема ниту еден научен доказ кој ќе потврди дека ова помага!