18 Мај, 2024
0.0266

Пет компании со најстрогите правила на облекување

Објавено во: Стил 16 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Малопродажните синџири обично сакаат да ги претставуваат работниците на најдобар можен начин , и тоа често вклучува строги фустани, шминка и изглед на косата . Ова се компаниите со најстроги правила кога станува збор за изхледот на вработените. 1) Abercrombie & Fitch Иако овој бренд сексапилна облека, за работниците во нивните бутици се очекува да изгледаат добро. Работници треба да имаат "природен " изглед на косата без светли бои и екстравагантни фризури, пишува во упатството за вработените. Исто така забрането е да носат црна облека и е дозволено да носат само облека на овој бренд , а дури има и правило како да им бидат подвиткани ракавите . 2) American Apparel Информациитe за кодексoт на облекување за вработените привлече голем број на контроверзии , кога беше обелоденет во 2010 година. Овој бренд наведува дека не е дозволено да се користи сјај за усни и многу шминка. Понатаму пишува дека веѓите не треба да се "премногу искубани " и " не се препорачува " сушење коса со фен. Компанијата, исто така сака долга коса кај жените. 3) Anthropologie Вработените во оваа компанија имаат препорака да ставаат малку шминка, и од нив се бара да бидат дотерани. Забрането е да се облека од други компании. Вработените се охрабруваат да носат облека која одговара на изгледот на таа што е на продажба. 4 ) The north face Оваа компанија бара работниците да носат само облека на својот бренд, а тие повремено ја добиваат и бесплатно. Забранети се 0видливи пирсинг и накит, па дури и на уво , а работниците секои неколку месеци се проверува дали ги почитуваат овие правила. 5) Викторија сикрет На вработените во оваа компанија им се наложува да носат 90 проценти црна облека. Во упатството се наведува дека вработените треба да бидат со уредени фризури направени со стил, а истото важи и за шминка. Забранети се премногу дотерани нокти и украси на лице.