Пет милиони евра за македонските претпријатија од ЕБОР
Објавено во: Економија 10 Мај, 2013 12:29
Пет милиони евра ќе бидат достапни за македонските претпријатија од ЕБОР кои ќе ги пласира Охридска Банка.
- Ова е прв пат една македонска банка да добие средства од оваа програма, која нуди и техничка помош за покривање на дел од правните трошоци и консултантски услуги, стои во соопштението.
Програмата ќе овозможи на Охридска банка да ги задоволи потребите на постоечките и идни клиенти, за поголеми износи на кредити и подолг рок, потпирајќи се на капацитетите за кофинансирање од страна на ЕБОР.
- Ни претставува задоволство да го потпишеме овој договор со Охридска банка денеска, бидејќи тој се надоградува на нашите постоечки силни деловни врски, кои сме среќни и понатаму да ги продлабочуваме. Покрај поддршката за развој и раст на Охридска банка, нашето финансирање ќе овозможи и поттикнување на локалната економија, осврнувајќи се на клучните предизвици, како што е пристапот до финансирање и споделување на ризици, истакна претставникот на ЕБОР во Македонија Елена Урумовска.
Од почетокот на работењето во Македонија, ЕБОР има инвестирано околу 1.1 милијарди евра во земјата, во над 80 проекти во корпоративниот, енергетскиот, инфраструктурниот сектор и во финансиските институции.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




