Пет необични особини кои сите сме ги наследиле од родителите!
Објавено во: Стил 07 Ноември, 2014 19:55
Од родителите ја наследуваме бојата на очи и коса, висина, облик на нос и други физички обележја. Но во морето на тие споредбени карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, се наоѓаат и некои необични особини, за кои веројатно не сте претпоставувале дека се генетски.
1. Синдром кивање
Ве тера ли гледањето директно во Сонцето на кивање? Или кивнете два до три пати од мракот на кино салата кога излезете во псветленото претсобје? Во прашање е необичен синдром на кивање кое го наследуваме од своите родители.
2. Не поднесувате алкохол
Ако после неколку испиени голтки црно вино чуствувате како да ве прегазил воз, заблагодарете им се на вашите родители на ниската толеранција кон алкохолот.
3. Притискање на дланки
Прекрстете ги двете дланки заедно како да сакате да се молите (без размислување). Како ви стојат палците? Повеќето лица ќе го стават палецот преку оној на десната рака. Обидете се сега да ги замените положбите - чудно се чуствувате во таа поза, зарем не? Луѓето кои природно ги држат дланките во оваа обратна положба го наследиле тоа од своите родители.
4. Ген на популарноста
Ако сте комуникативна, откорена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е генот на популарноста да сте го наследиле од своите родители.
5. Акробации со јазик
Можете ли јазикот да го свиете така што ќе добиете тунелче? Верувале или не, оваа моторичка вештина ја немаат сите луѓе, а пренесена ви од мајката или таткото.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





