19 Декември, 2025
0.0569

„ПЕТ ПАТИ ПУКАА ВО НЕВООРУЖЕНА ТРУДНИЦА“: Уште една Афроамериканка е жртва на полициска бруталност

Очевидци на крвавиот инцидент во Канзас Сити сведочат дека полицајци пет пати пукале кон бремена Афроамериканка, наведувајќи дека и впериле пиштол, и наредиле да легне на земја.

Објавено во: Свет 31 Мај, 2022 12:34

Добивај вести на Viber

„Пукаа пет пати“, изјави сведок за Канзас Сити Стар.

– Се сеќавам дека видов како паѓа на афалтот, а јас се замрзнав – додава очевидецот.

Повредената жена, која е Афроамериканка, е осомничена дека со помош на маж украла автомобил. KCTV ја идентификуваше како Леона Хејл (26). Таа се уште е жива, но се здобила со тешки повреди и е префрлена во болница каде е во стабилна состојба.

Според Државната патрола на Мисури (MSHP), полицајците на полицискиот оддел во Канзас Сити (KCPD) се сретнале со пар осомничени на паркингот на продавницата во петокот. Осомничениот маж, наводно, скокнал од автомобилот и побегнал, но Хејл останала и ги кренала рацете.

„Немаше оружје, немаше ношто во раката“, велат сведоците на инцидентот.

Според неа, полицијата повеќепати наредила на Хејл да легне, но таа објаснила дека не може да го стори тоа бидејќи е бремена.

Додека се расправале, Хејл почнала да се повлекува кон оградата, а полицијата наводно и пришла со извадено оружје.

Очигледно во паника, жената конечно се свртела и се обидела да побегне. За само три чекори, полицијата пукала во неа.

- Еден, два, три, четири, пет - се присетува сведокот броејќи ги истрелите. „Тие и ставија лисици“, рече таа.

Полицијата соопшти дека патрола на автопатот во Мисури го истражува инцидентот.

- Никогаш не сакаме да бидеме во вакви ситуации. Ниту јавноста, ниту полицијата. Секогаш кога ќе се случи вакво нешто, штета е за нашата заедница. Сакам да ја уверам јавноста дека местото на настанот е безбедно. Нема постојана закана. Полициска патрола ќе го испита овој инцидент. Посветени сме да бидеме 100 отсто транспарентни и целосно да соработуваме со патролата на автопатот - изјави за новинарите привремениот шеф на CCPD, Џозеф Мабин.


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела