Пет причини зошто Лавовите се најверни пријатели!
Објавено во: Општо 02 Септември, 2016 22:21
Лавовите се еден од најистакнатите знаци во Зодијакот. Познати се по нивната гордост и претставителност, но тие исто така имаат плејада на прекрасни карактеристики кои прават луѓето да сакаат постојано да се околу нив. Тие се харизматични и шармантни, забавни луѓе со кои никогаш нема да ви биде здодевно. Но, истовремено се и прекрасни другари, лојални и верни. Кога сакаат, тие сакаат безрезервно, без разлика дали е тоа романтична, семејна или пријателската љубов.
Прочитајте ги карактеристиките кои ги прават едни од најверните и најдобрите другари кои секој човек би ги посакал во животот.
1 . Тие се самоуверени
Самоувереноста на Лавот ретко може да се спореди со самоувереноста на другите знаци. Но, исто така е заразна. Кога сте покрај Лавот, вие чувствувате дека можете да направите се на овој свет. Нивната самоувереност е едноставно заразна. Тие имаат мноштво друштва и луѓе со кои се дружат и со задоволство ќе ви отстапат простор да ги проширите и вие вашите видици, но и вашиот круг на пријатели.
2. Тие се амбициозни
Лавовите се премногу амбициозни. Тие ќе направат се за да го постигнат тоа што го сакаат, а во пакет ја имаат самодовербата која им помага да го направат тоа. Тие сонуваат големи соништа, но и ги поттикнуваат останатите околу нив да сонуваат големи соништа. Тие ќе направат се за да ве поттикнат да целите повисоко, да сакате повеќе и да не задоволувате со малку.
3. Тие се многу дарежливи
Иако Лавовите се познати по тоа што се самозаљубени и имаат големо его кое треба да го негувате, сепак под таа површина се кријат исклучително нежни и емотивни личности. Иако, да, тие навистина сакаат внимание, но за тие што ги сакаат подготвени се да дадат се. Секогаш ќе бидат тука за вас и ќе ви подаруваат внимание, љубов и тоа ќе го прават на најразлични начини.
4. Тие се неверојатно лојални
Ако Лавот ве засака и ако ве смета за пријател, ќе ви биде верен и лојален до крај. Ќе биде покрај вас и кога сите ќе ве напуштат и ќе ве брани кога сите ќе ве напаѓаат. Потребно е многу за Лавот да се откаже од пријателството, затоа треба да направите исклучително предавство кое ќе го повреди. Во спротивно, тие ќе бидат ваша потпора и поддршка во секој аспект од животот.
5. Тие знаат како да ве охрабрат
Лавовите се полни со љубов за животот и сакаат да живеат со полни гради. Но, тие знаат да го препознаат потенцијалот во другите и затоа постојано ќе ве охрабруваат и поттикнуваат да пробувате најразлични начини. Тие ќе ве научат и охрабруваат да излегувате од вашата комфорна зона. И тие имаат мотивирачки цитати и зборови за буквално секоја ситуација во животот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





