28 Март, 2024
0.0253

Петар Атанасов за Фактор: МОН да поработи на предметите кои досега не дадоа резултати, а не да се импровизира со круцијални предмети

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот заменик министер за образование, професорот Петар Атанасов во разговор за Фактор вели дека сосема се оправдани негативните реакции во јавноста во однос на најавената реформа од страна на МОН во основното образование. Смета дека предлог концептот за промена на наставните планови и програми или не е добро осмислен или има огромни слабости, кое несомнено ќе придонесе огромни потешкотии во образовните институции кои ќе треба да го спроведат тоа.

-Според она што е презентирано во јавноста од страна на МОН е дека оваа реформа ќе трае 5-6 години и може да замисилите што сè може за тој период да се случи. За една ваква сериозна промена мора да има добра подготовка, да се има поддршка од стручната јавност. Во тој тим што е ангажиран, треба да има експерти од сите области, еве јас сум социолог, јас не сум сигурен дека во тимот имало социолог, ако немате социолог, го немате општествениот контекст, ако го немате општествениот контекст, тогаш не знаете кои културолошки вредности на децата во текот на образованието да им ги пренесете. Секоја држава има сопствена идеологија, сопствени вредности, ако го немате тој контекст, како тогаш толку лесно се излезе во јавноста со спојување на предмети кои немаат многу допирни точки. Ова значи дека не држат објаснувањата дека некој феноменален наставник точно ќе одреди што им е потребно во одредени дози на децата за да им предаде во исто време и општествена наука и хуманистичка наука и.т.н. Или да бидам многу поедноставен, МОН има обврска во подготовката на една ваква сериозна реформа да ги консултира сите: Катедрата за историја, МАНУ, Институтот за национална историја, па и социолозите, зошто ова е премногу сериозно, вели професорот Атанасов во разговорот за Фактор.

Истовремено посочува дека би било многу подобро МОН да се фокусира на одредени предмети, па промената да се направи од почеток до крај.

-Повеќе реформи од ВМРО-ДПМНЕ и од Груевски никој не направил, ама никаков квалитет не донесе тоа. Кога веќе се прави нешто, тоа треба да биде добро осмислено, не мора да биде на ура и не мора сè оддеднаш да биде. Нека се обрне внимание на два три предмети. Да се земат од една област професори, експерти, практичари, и да се каже од прво одделение до четврто година гиманзија, се прафи реформа на предметите на пример историја, макдонски јазик или некоја природна наука и нека се направи цела трансферзала. Во однос на природните науки сметам дека со право имаше реакции зошто од прво до шесто одделени и може да се интегрира нешто, но во 7, 8, и 9 не смее зошто во тој период има децата кои најмногу пројавуваат интерес за одредена природна наука и кои подоцна може ќе студираат природно-математички науки, математика, физика, хемија, био-технологија. Вие што ќе им дадете во осмо одделение? Природни интегрирани науки, а нивниот талент или дарба е насочен кон специфична природна наука. Ова не е добро подготвено и мислам дека голема импровизација беше кај ќе се крати, кај нема да се крати. Два три предмети беа на сила внесени и како посебни предмети. До ден денес не сфаќам кој е квалитетот или што е тоа што децата добија со воведување на цел предмет Граѓанско образование. Нека ми докаже некој дека имало барем 1 % ефект или позитива од овој предмет.  Треба да се поработи на тоа што е вишок, тоа што не дава резултати, а не да се импровизира со круцијални предмети, појаснува Атанасов.

Според него, основно нешто за квалитетно образование е наставниот кадар, за кој смета дека одамна нема никаква евалуација, посебно во основното образование.

-Сето ова изгледа како некој да земал маѓично стапче и рекол, сега учебниците ќе ги смениме и после ќе биде толку добро што сите деца ќе почнат критички да размислуваат, не оди тоа така лесно. Треба прво да се почне да се работи со наставниците, одамна нема никаква проверка на нивниот квалитет, нема евалуацуја. Не знаеме кој сè е влезен во последните 10-15 години во образовниот процес. Се зборува дека има вработувања по партиска линија и во една влада и во друга влада. Во гиманзија има програми што не се сменети од 92 година, па нека се смени нешто од тоа. Информатика дефиниции, граѓанско образование дефиниции, сите предмети дефиниции, тоа е погрешното, ние ги учиме децата што треба да запамтат, што е сосема погрешен концепт. Каде е практичниот дел. И во последната изјава на амбасадорката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани никаде не се споменува интегрирање на предмети, туку напротив во центарот на промените да биде професионалниот развој на наставниот кадар иако министерката Царовска тврди дека има меѓународна поддршка за најавените реформи, заклучува во нашиот разговор професорот и поранешен заменик министер за образование Петар Атанасов.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија