Петре Шилегов ги објави старите имиња на пет улици: Избришана „Јордан Мијалков“, вратена „Ленинова“
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, ги објави петте улици на кои се враќаат старите имиња.
Една од нив е и „Јордан Мијалков“, која повторно ќе се вика „Железничка“. Се враќа и името на „Ленинова“, наместо „Аминта Трети“.
Останатите се „Филип Втори“, „Борис Сарафов“ и „Петре Пирузе“, кои сега ќе се викаат повторно „Стив Наумов“, „4 Јули“ и „Мексичка“.
Советот на Град Скопје ја дополни листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Скопје со вкупно 571 име.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.