Петрески: ДДВ-то треба да биде 5 отсто за сите производи кои се конзумираат на дневна основа
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2023 14:40
Зголемувањето на стапката на ДДВ за прехранбените производи од 5 на 10 отсто според директорката на „Фајненс тинк“, Благица Петрески ќе има свое влијание и затоа препорачува ревидирање.
- Треба да се ревидираат стапките и исклучиво да биде ДДВ-то 10 проценти само за оние луксузни прехранбени производи кои или се купуваат од мал број граѓани или се конзумираат ретко. Во спротивно одлуката за зголемување на ДДВ-то ќе се коси со намерата за замрзнување на цените и справување со домашните извори на пораст на цените - потенцира Петрески и додаде дека ДДВ-то треба да биде 5 отсто за сите производи кои се за широка потрошувачка и се конзумираат на дневна основа.
Таа зборуваше за пакетот мерки за справување со енергетската криза кој тежи 760 милиони евра од кои 90 проценти се однесуваат на справување со енергетската криза, а само седум проценти одат во делот на справување со храна, покажуваат резултатите од мапирањето на мерките што го спроведе Фајнанс тинк.- Од вкупниот износ 12,6 проценти е наменет за поддршка на ранливите домаќинства кои во еден дел се и таргетирани мерки за најранливите. Најзначајна мерка беше мерката за субвенционирање на електричната и топлинската енергија. Резултатите покажаа дека куповната моќ не граѓаните беше заштитена и доколку не беа овие мерки нивната куповна моќ ќе беше драстично позагрозена - изјави Благица Петрески од Фајнанс тинк пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“.
Таа нагласи дека мерките можеа да бидат подобро дизајнирани во поглед на нивната линеарност.
- Мерките во голема мера беа линеарни и заштитуваа и домаќинства кои можеа да ја издржат кризата. Во иднина очекувам мерките да бидат повеќе во насока на таргетираност и тоа да се направи во еден дел и со ДДВ-то кое беше намалено од 18 на 5 отсто, но повторно се врати - појасни Петрески.
Во делот на храната, како што кажа, компаниите беа значајно погодени од порастот на увозните суровини за 20 до 50 отсто ако се има предвид дека преку 50 отсто од суровините се увезуваат.
- Тоа упатува дека во иднина мерките треба да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија преку таргетирање и инвестирање во домашно производство на храна и суровини. Пропратно со тоа треба да биде продолжена иницијативата за домашно производство на електрична енергија и паралелно со тоа инвестиции во системот за апсорпција на домашното производство на електрична енергија - истакна Петрески и додаде дека со мерките беше поттикнато домашното производство на електрична енергија.
Фото: Принтскрин/Јутуб
Можеби ќе ве интересира
Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика
