Петте големи прашања во скандалот „Икарди“
Објавено во: Спорт 20 Октомври, 2016
„О, капетане! Мој капетане!“. Сите ќе се сетите, барем мислам, на оној епски момент од сцена во прекрасниот филм на Питер Вир ... Е сега, сeдејќи на катедрата на местото на харизматичниот учител, толкуван од Робин Вилијамс, ставете го Мауро Икарди, во чии раце Ванда Нара ги подава бесмртните стихови на Волт Витман, и заменете ги учениците од Академијата Велтон со „интелектуалците“ од „Курва Норд“. Така можете да ја доловите суштината на надреалната хумореска, за жал создадена ненамерно, која бележи уште една психодрама во „сино-црно“, вели познатиот Андреа Монти, од Газета дело Спорт.
Да, драги мои читатели интеристи, ситуацијата е тешка, но не неповратна. Најавеното од клубот решение изгледа сосема во тон на целата нискокласна случка: фино, вадење на страници од книгата, извинување и никаков помен од одземање на лентата од капитенот, кој се закани дека ќе донесе стотина „сикариос“ (убијци од латиноамериканските мафии) да ги вразумат навивачите кои се незадоволни од него.
Наметнатата мерка е безалкохолен коктел, кој создава кај сите чувство за крената здравица во чест на постигнатите победи, но кој не го постигнува посакуваниот ефект на опивање кај никого. Чекорот назад во споредба со изјавата на Хавиер Занети, макар и направена во жештината околу натпреварот со Каљари („Ќе земеме крути мерки. Тифозите треба да бидат почитувани!“), е очигледен. За среќа. Како правилно истакна нашио Луиџи Гарланд, еден упад на теренот под диктат на ултрасите би претставувал невиден преседан. Наместо тоа, потребна внимателна анализа и тешки решенија. Зашто, како што често се случува во комедијата, дури и оваа фарса содржи во себе тажни и длабоки вистини, од кои дури моќниот Жанг Џиндонг, кој едвај би имал многу прилики за насмевка овие денови, треба да учи.
Да повториме: едно момче на 23 години, на кое му се плаќа дебели пари да ја брка топката по маичка и гаќи, одлучи дека е созреано времето да си напише автобиографија. Сто и педесет страници вистинско чудо на имагинацијата. Насловот „Само напред!“ Звучи застрашувачки партизански, но сепак никој од клубот не се потруди да покаже разум и да ја прочита пред излегувањето на пазарот. Клучниот дел во неа е: „Ќе доведам сто криминалци од Аргентина и ќе ги убијат на самото место“. Нашиот херој визира на оние кои протестираат против него по поразот во февруари годинава од Сасуоло. Навивачите пак забораваат колку пати му викале на Маурито „Треба да умреш!“ и ги прифаќаат лошо овие редови од книгата, скандираат против капетанот на стадионот, му се закануваат пред неговиот дом. Изненадувачки, остатокот од стадионот ги исвиркува ултрасите и го предизвикува сомнежот: кога се зборува за навредени „сино-црни“ навивачи, кои попрецизно се има во предвид? Клубот тргнува прво многу нагло, пред да тргне по патот на компромисот. Ултрасите кои на крајот не се дури брутални негативци, небаре ќе размислат, ќе го игнорираат објектот на незадоволство и ќе продолжат да го поддржуваат тимот.
Постоењето на непријателството, да видиме за колку време, не ги оттргнува прашањата. Ги сведувам до пет, пишува Монти од Газета, и ги поднесувам до Гардини - Занети - Аузилио, кој очигледно ја презел командата во Интер.
1) Кој некогаш се измамил дека „пријатен“ тип како Маурито Икарди би можел да го носи наследството на Армандо Пики и Џакинто Факети?
2) Точно или не е тоа дека капитенската лента била еден вид награда за потпишувањето на новиот договор?
3) Зошто не е побарана однапред копија на автобиографијата да се прочита и по чија вина?
4) Икарди не е Балотели, тој е темпераментен, но позитивен: како ќе се заштити пазарната вредност на играчот проценет ова лето на 70 милиони евра, ако не се избегне „балотелизацијата“ во очите на масите?
5) Додека се занимаваше со Маурито, Интер слезе во долната половина на табелата со 1 поен од последните 9 можни; клубот секогаш бил убеден во исправноста на ризикот „Франк де Бур“, но така ли мисли да се одржува и во претстојните суперделикатни натпревари со Саутемптон, Аталанта и Торино?
Храброст, момци, не е сѐ изгубено! Треба само Интер да се однесува како сериозен клуб. Всушност дури само како клуб. Составот останува исполнет со висок потенцијал и талент. Растојанието до зона Лига на Шампиони е 5 поени. Интер треба да се фокусира целосно на основните работи, ако не сака да остане во уште една преодна сезона, за што не би имало оправдување предвид трансфер вложувањата и очекувањата на новите сопственици. Излегува дека во Нанжинг сега сите треба да се под надзор, почнувајќи од тренерот. Кинезите знаат сѐ, трпеливи се и се насмевнуваат многу, но немаат италијански хумор, вели познатиот спортски новинар на Газета дело Спорт.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.