ПИН кодови кои што се најлесен плен за хакерите
Објавено во: Стил
02 Август, 2013 19:30
Добивај вести на Viber
Секоја години, милион корисници на дебитни и кредитни картички пријавуваат измама, а еден од најголемите ризици кои што им се заканува е лесниот ПИН код на картичката.
Новото истражување на компанијата "DataGenetics" открило десет најчесто користени ПИН комбинации кои што всушност се и најризични и истите може најлесно да се откријат.
Според сознанијата на магазинот Форбс, Соединетите Американски Држави и Мексико се земјите со најголем број на измами поврзани со креднитните и дебитните картички.
Така, дури 42% од Американците се соочиле со ова непријатно искуство, а податоците на "DataGenetics" укажуваат дека во 25% од случаите хакерите се успешни при погодувањето на ПИН кодот уште во првите дваесет обиди.
Тоа не е ни за чудење ако се земе во предвид фактот што најлошите ПИН кодови се оние наједноставните, како што е 1234. За разлика од нив, најдобри ПИН кодови се сите оние кои што немаат никакво посебно значење, а според истражувањата, најретко користен ПИН код е 8068.
Листа на најкористени ПИН кодови:
●1234 ●1111 ●0000 ●1212 ●7777
●1004 ●2000 ●4444 ●2222 ●6969
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: