Пиргова за Фактор: Македонците мора да одлучат дали ќе бидат со Бугарија во ЕУ или против Бугарија, но надвор од ЕУ
Објавено во: Македонија 22 Март, 2021
Oдносите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија се трајно нарушени од причини што не зависат од Бугарите и од Македонците, вели за Фактор, бугарскиот политиколог Марија Пиргова.
Сепак, таа објаснува дека Бугарите не се лошо настроени кон Македонците, напротив сакаат соработка на сите полиња. Но, Пиргова како и многу луѓе во Бугарија е на став дека во минатото сме биле еден народ, нешто со што македонската страна не се сложува.
„Јас сум Бугарка од Македонија. Моите дедовци дојдоа во Бугарија од Кукуш - сега Килкис-Грција во 1913 година. Тогаш Бугарите од Бугарија и Бугарите од Македонија беа едно. Поделбата дојде по создавањето на Југославија. За жал, сега односите меѓу Бугарија и РС Македонија се трајно нарушени од причини што не зависат од Бугарите и од Македонците. Бугарија сега признава формирање на македонски јазик, македонска нација и држава. Но, мора да се согласиме дека денешните Бугари и Македонци имаат заедничка историја како еден народ. Бугарите се далеку од лошо настроени кон Македонците, напротив, долго време очекувавме да имаме економски и културни односи. Но, ниту денес немаме железничка линија Софија-Скопје, ниту добар пат. Македонците сега се многу поблиску до Србите. Политичарите во Скопје, со малку исклучоци, се антибугарски. Сепак, се бара решение и мора да се најде многу брзо. Сега е време Северна Република Македонија да стане членка на Европската унија“, вели Пиргова.
Таа додава дека бугарскиот народ отсекогаш ги сметал Македонците за браќа.
„Бугарскиот народ секогаш мислел на Македонците како нивни браќа. Тешко е да се види како се напишани најлошите работи за Бугарите во учебниците по историја за македонските деца. Македонците мора да одлучат дали ќе бидат со Бугарија во ЕУ или против Бугарија, но надвор од ЕУ. Европската унија не е должна да ги прифаќа и решава нашите проблеми. Одамна требаше да има бугарско-македонска културна соработка, историјата не треба да нѐ дели. Постојат факти на насилство од обете страни и тие мора да бидат признати од двете страни. Северна Република Македонија мора јасно да каже како ќе ги развива добрососедските односи со Бугарија во рамките на ЕУ. Мора да бидат наведени специфичните проекти предложени од СРМ и роковите за нивна реализација“, додава Пиргова.
Според неа, членството на земјите во ЕУ кои се примени по 2000 година е повеќе од политички и геостратешки причини, отколку според исполнетите критериуми.
„Ова е мое мислење. Значи, ако нема политички проблеми, Северна Република Македонија може и треба наскоро да стане членка на ЕУ. Бугарија има интерес во Албанија и Северна Република Македонија да ги започнат преговори за пристапување во ЕУ“, рече Пиргова.
Македонско – бугарските односи последните месеци се заладени, но македонската страна не губи надеж дека ќе се најде решение и земјава ќе ги почне преговорите. Разговорите меѓу историчарите исто така се без некој посериозен напредок. Бугарските политичари немаат против Албанија да ги почне преговорите, но за Македонија лани ставија вето.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.