23 Ноември, 2024
0.0265

ПИШТЕЛЕ ТЕЛЕФОНИ, ГЛЕДАЧИ ЈАДЕЛЕ БОНБОНИ: Сергеј Трифуновиќ одзема телефон на гледач и го фрли на земја за време на претстава

Објавено во: Општо 11 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Во театарот во Риека, Хрватска, при изведба на претставата „Ѕвезден воз“ на Белградскиот театар, со Воислав Брајовиќ и Сергеј Трифуновиќ во главните улоги, се случил своевиден „несакан настан“ меѓу глумците и публиката, пишува „Вечерњи лист“.

Имено, посетители раскажуваат како Трифуновиќ се шетал на сцената, на моменти видно изнервиран, а едно момче го сликало и снимало постојано. Во еден миг, глумецот му пришол на гледачот, му го одзел мобилниот телефон и го фрлил на подот. Следело ракоплескање од другите присутни.

Меѓутоа, постојаното гледање во мобилен не е единственото нешто коешто му пречело на српскиот глумец... Изведбата на филозофската драма за проф. Бели и екс-затвореникот Црни, постојано била прекинувана со известувања од паметните телефони, мрморење од публиката, шушкање, а Трифуновиќ, според наводите, постојано се осврнувал и на кашлање во публиката што не можело да се занемари.

- Во еден миг, обраќајќи се кон првиот ред, рече дека може слободно да ја „отвори бонбоната“ бидејќи тоа воопшто не им пречи, а потоа на присутните им порача дека само тие (глумците) треба да разговараат, бидејќи „нема смисла да се натсинхронизираат“, сведочи еден гледач.

Инаку, бесплатната претстава пред љубителите на театарот ја претставија Советот на српското национално малцинство во Приморско-горската жупанија во Хрватска и Српското културно друштво „Просвјета“. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.