02 Јули, 2024
0.0275

ПЛАЌАМЕ ПРОВИЗИЈА НА НЕИСКОРИСТЕН ЗАЕМ, РИЗИКУВАМЕ ДА ИЗГУБИМЕ ГОЛЕМ ГРАНТ: еве што се утврдија ревизорите за железничката пруга

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Бурна реакција имаше министерот за транспорт и врски по извештајот на Државниот завод за ревизија за финансирањето и изградбата на железничка пруга кон соседна Бугарија. Според неговите зборови со изградбата на пругата треба да се срушат куќи низ Крива Паланка, а дополнително, пругата води во тунел, кој нема излез.

-  Со анализа на документацијата за реализација ревизијата утврди: физичката реализација за Коридор VIII, фаза 1, со првиот изведувач за период од 6 години е 54 отсто, а пред да биде раскинат договорот во 2020 финансиски реализирани се 27,7 милиони евра или 69,7 проценти. Јули 2022 година постигната е спогодба за побарувањата од изведувачот и исплатен надомест од 10 милиони евра. Јули 2022 избран е нов изведувач и склучен договор за проектирање и изведување рехабилитација на преостанат дел од прва делница Куманово – Бељаковце, на износ од 40,4 милиони евра со рок 18.10.2024 година. Вредноста на проектот се зголемила за 96 отсто од планираната, а рокот за завршување пролонгиран за 8 години – напишаа ревизорите.

Притоа е утврдено дека поради недоволно средства за финансирање од заемот во износ од 46, 4 милиони евра, остатокот од проектот ќе се финансира од заемот за фаза 2 за што во јуни 2023 година е донесена измена на закон.

До крајот на 2023 финансискиот напредок на вториот изведувач изнесува 17,7 милиони евра. Со теренски увид констатирано е дека до крај на 2023 година, реализирани се 47 проценти од вкупната траса, a рокот е октомври 2024, поради што ревизорите сметаат дека е неизвесно завршувањето.

Железничката линија од Бељаковце до Крива Паланка е втората делница. Поголемиот дел од железничките насипи и засеци биле изградени речиси до нивните крајни димензии.

-  Огромен дел од постоечката инфраструктура што поминувала низ железничката линија (далноводи, водоснабдување, канализација, цевководи) се преместени. Во 2014 година за овој проект од ЕБОР одобрен е заем од 145 милиони евра. Договорот за заемот не е ефективен седум години поради неисполнети услови. Поради тоа, во 2021 година до прогласување на ефективноста платена е провизија за неповлечени средства во периодот седум години, износ од 4,6 милиони евра  - велат ревизорите.

Од ДЗР укажуваат дека на 02.07.2021 склучениот договор за грант е прогласен за ништовен и доставен е нов Договор во кој е исклучена можноста да се повлекуваат средства на сметка на ЈП Инфраструктура, туку ЕБОР ќе му плаќа на изведувачот. Договорот за грант и Договорот за обесштетување од страна на државата се потпишани на 14.06.2022 година.

Во октомври 2021 година започната е постапката за избор на изведувач, а во јули 2022 година, 18 години по запирање на градбата и 8 години по склучувањето на договорот за заем, склучен е договор за градба во вредност од 155 милиони евра.

-  Според динамички план, до крај на декември 2023 година, исплатени се средства во висина од 12,92 отсто, а реализирани се градежни работи од 4,15 проценти  - укажуваат ревизорите.

Ревизорите нагласуваат дека изградба на делницата Крива Паланка до граница со Бугарија, е најзначаен приоритет кој треба да ја подобри железничката инфраструктура на Западен Балкан. Имајќи предвид дека станува збор за голем инфраструктурен проект, финансиските средства за истиот се планирани од ИПА II грант средства во износ од 60,765 милиони евра, WBIF грант средства во износ од 155,5 милиони евра, заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 175 милиони евра и заем од Европската инвестициска банка во износ од 175 милиони евра, која е водечка меѓународна финансиска институција на овој проек.

Во декември 2023 година обезбедени се средства од заем во вредност од 350 милиони евра од ЕИБ и ЕБОР по донесени закони за задолжување.

Во рамките на ИПА I програмата (2007-2013) биле доделени грант средства за проектна документација од 3,4 милиони евра, која е завршена во 2017. Во 2019 добиен е позитивен одговор од ЕБОР и ЕИБ за финансирање на проектот со заем. Во октомври 2020 година потпишан е договор, 4 години по Секторската оперативна програма што е причина за ненавремено почнување и можност за губење на ИПА средства од 60,765 милиони евра.

Во декември 2021 одобрен е грант од Европската Комисија, а билатералниот договорот од ЕК е потпишан во април 2022 година. Билатералниот договор од Македонија е потпишан во јули 2023 година, после 1 година и 7 месеци од одобрување. Вредноста на проектот во билатералниот договор е 340,4 милиони евра, а мај 2023 година, новата проценета вредност на проектот е 560 милиони евра.

- Националниот координатор за авторизација посочил во неколку наврати дека има ризикот од губење на средства од ИПА, поради слаба реализација. Во рамки на договорот  предвидена е фаза на проектирање од околу 2 години и градежни работи околу 5 години од почнување. Врз основа на ова градежните работи нема да бидат целосно завршени поради што има голем ризик за враќање на средствата алоцирани за овој договор – укажуваат ревизорите.

П.О. 

Фото: Принтскрин/Државен завод за ревизија

Можеби ќе ве интересира

ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ НА „БОГОРОДИЦА“: Ако патувате кон Грција ќе мора да почекате на граница

ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ НА „БОГОРОДИЦА“: Ако патувате кон Грција ќе мора да почекате на граница

МУРТЕЗАНИ ВЕЛИ ДЕКА ИМАЛ УСПЕШНА СРЕДБА СО РИЧАРД ГИР: Првиот гаф на министер во новата Влада

МУРТЕЗАНИ ВЕЛИ ДЕКА ИМАЛ УСПЕШНА СРЕДБА СО РИЧАРД ГИР: Првиот гаф на министер во новата Влада

„ИМАШЕ КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПОТОА ДОЈДЕ СЈО“: Се огласи Димовски по пописот во Албанија

„ИМАШЕ КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПОТОА ДОЈДЕ СЈО“: Се огласи Димовски по пописот во Албанија

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир