03 Јули, 2024
0.1059

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска откако се повлече од трката за претседател на СДСМ на два дена пред непосредните избори, ја оспори победата на Венко Филипче поради мал број на регистрирани гласачи во однос на вкупното членство што го има оваа докорешна владеачка партија.

„Во 2019 имаше реевиденција со 83.000 членови. Последен пат официјално беше направена реевиденција. Тоа раководството сметало дека не е приоритет дали навистина се 83.000, или само 23.000 колку што се пријавиле како регистрирани, а излегле да гласаат само 12.000“, вели Петровска во емисијата „Аргумент Плус“ на ТВ24.

Актуелната пратеничка вели дека гласањето морало да биде со некој минимален цензус, затоа што , како што вели таа, не смее да се одбира претседател на СДСМ само со околу 9.000 гласови колку што му беа доволни на Филипче за победа.

„Треба да има цензус со долна граница. Претседател со 10.000 гласа не е претседател. Цензусот треба да биде барем 30 отсто од вкупните членови

Молкот на мнозинството е многу пострашен од малите бројки. Напротив мислам дека праќаат многу силна порака како таа што ја добивме на изборите кога само 153.000 гласови освоивме. Имаат сомнеж во процесот, како што имав јас, и решиле да го бојкотираат“, 

Според Петровска, на изборите гласале припадници на други партии како ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, а Јован Деспотовски, кој беше втор по освоени гласови, ја злоупотребил базата на податоци да им испрати пораки на членовите да дојдат на гласање, нешто што другите ја немале таа можност.

Филипче беше избран за нов лидер со нешто повеќе од 9.000 гласа. За гласање на внатрепартиските избори на 30 јуни се пријавија околу 23.000 членови на СДСМ, но околу 10.000 од нив не излегоа да гласаат.

Според податоците од партиската Централна изборна комисија на 95 отсто обработени гласови, од неговите противкандидати Јован Деспотовски доби 2.705, а Александар Бајдевски 905 гласа. Актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, иако непосредно пред изборите рече дека се повлекува од трката, доби 190 гласа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови