12 Јули, 2025
0.0318

ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП - ОСЛОБОДЕН СО КАУЦИЈА: Кој е Вем Милер?

Објавено во: Свет 14 Октомври, 2024 09:14

Добивај вести на Viber

Вем Милер (49), кој беше уапсен во саботата во близина на местото каде Доналд Трамп одржуваше предизборен митинг во Калифорнија, беше пуштен од притвор со кауција.

Кај Милер, кој наводно планирал да го убие Трамп, пронајдено е оружје, а истиот вечер тој бил ослободен од притвор, соопшти канцеларијата на шерифот.

Приведениот Милер е од Лас Вегас, а кај него била пронајдена пушка, пиштол полн со муниција, а во возилото е пронајден полн магацин.

Според полицијата, немало опасност за Трамп и учесниците на состанокот. Медиумите објавија дека Милер е ослободен со кауција од 5.000 долари и има закажано судско рочиште на 2 јануари.

Кој е Милер?

Милер, според изворите, има долга историја на помали судири со законот и се вели дека е член на движењето на суверените граѓани - екстремно десничарско движење кое се потпира на теории на заговор и верува дека владите немаат моќ над нив. ФБИ ја нарекува групата „антивладини екстремисти“, кои тврдат дека иако „природно живеат во оваа земја“, тие остануваат „одвоени или суверени“ од Соединетите држави.

Милер, регистриран републиканец, магистрирал на UCLA и се кандидира за Собрание на државата Невада во 2022 година, објави Press-Enterprise.

Тој, исто така, се чини дека поседува компанија CBD со седиште во Калифорнија и промовира теории на заговор и агресивна мизогинска реторика на интернет.


Имаше лажна пропусница

Полицијата го запрела на контролен пункт во близина на собирот со црн теренец пред да пристигне Доналд Трамп.

Шерифот на округот Риверсајд, Чад Бјанко, на прес-конференција во неделата рече дека неговите заменици најверојатно „запреле трет обид за убиство“.

Сепак, федерален функционер рече дека во овој момент нема индикации дека имало обид за атентат врз Трамп во саботата.

Полицијата на округот Риверсајд „забележа дека внатрешноста на возилото е во неред и има лажни регистарски таблички“.

Милер имал пасоши и возачки дозволи на различни имиња, возилото му било нерегистрирано, регистерските таблички биле лажни, а имал лажна преса и ВИП лични карти, изјави шерифот.

Тајната служба и ФБИ го истражуваат инцидентот.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГАФ НА ТРАМП: Го праша колегата од Либерија каде научил толку убаво да зборува англиски

(ВИДЕО) ГАФ НА ТРАМП: Го праша колегата од Либерија каде научил толку убаво да зборува англиски

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА НАСЕЛEНИЕТО ВО ЕУ: Кои земји се во топ три?

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА НАСЕЛEНИЕТО ВО ЕУ: Кои земји се во топ три?

АНТРАКС ВО РОМАНИЈА: Се огласи романскиот институт за воено-медицински истражувања

АНТРАКС ВО РОМАНИЈА: Се огласи романскиот институт за воено-медицински истражувања

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СЕГА КОГА ТРАМП ГО ОДБИ ПУТИН? Оваа мелодрама може да има смртоносни последици

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СЕГА КОГА ТРАМП ГО ОДБИ ПУТИН? Оваа мелодрама може да има смртоносни последици

ПОВЕЌЕ НЕ Е ТЕШКО ДА СЕ ДОБИЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Сè повеќе странци ги добиваат, еден град е омилен за населување

ПОВЕЌЕ НЕ Е ТЕШКО ДА СЕ ДОБИЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Сè повеќе странци ги добиваат, еден град е омилен за населување

ДАЛИ ПАРТИЈАТА НА МАСК ИМА ШАНСА НА ИЗБОРИТЕ? Не би било прв пат да го изведе речиси невозможното

ДАЛИ ПАРТИЈАТА НА МАСК ИМА ШАНСА НА ИЗБОРИТЕ? Не би било прв пат да го изведе речиси невозможното

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида