Планот на Кипар доби “корпа“ од Еврогрупата
Објавено во: Свет 22 Март, 2013 15:06
Стабилизацискиот план на Кипар го отфрли Еврогрупата со најголемо негодување во однос на предлогот за национализација на приватните пензиски фондови.
Во меѓувреме Банката на Кипар и Народната банка го поддржаа данокот на банкарските депозити над сто илјади евра при недостиг на друга алтернатива за избегнување на банкротот на банкарскиот сектор и на економијата.
- На сите граѓани, политичари и специјално на 56-члениот Парламент треба да им биде јасно дека во ситуација во која нема да има друга алтернатива не треба да има забавување во прифаќањето на предлогот на Еврогрупата за воведување данок на депозитите над сто илјади евра, со цел да биде спасен банкарскиот сектор, изјави директорот на Банката на Кипар Андреас Артемис.
Тој предупреди дека колапсот на банкарскиот сектор би довел до целосна загуба на сите депозити над сто илјади евра и додаде дека многу компании ќе претрпат значителни загуби и илјадници работни места ќе бидат скратени.
Директорот на Народната банка Такис Фидиас исто така изјави дека го претпочита оданочувањето на банкарските депозити, со цел да се соберат средства.
- И покрај тоа што првичниот предлог на Еврогрупата беше тежок, тој обезбедуваше иднина на банкарскиот сектор, истакна Фидиас.
Со цел да се избегне банкрот на земјата, кипарските власти склучија во саботата во Брисел спогодба за спасувачки план, која предвидуваше данок врз банкарските депозити на островот, кој достигнуваше до 9,9 отсто, при што на тој начин беше предвидено да се соберат 5,8 милијарди евра. Мерката беше отфрлена во вторникот од Парламентот и Владата разгледуваат други можности.
Банките во Кипар се затворени од саботата и нема да отворат до вторник, поради стравувањата од масовно повлекување на средства.
Следните неколку часа се очекува Парламентот да се произнесе за серија алтернативни предлози со цел да се соберат потребните средства, за да може Кипар да ја добие финансиската помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд и да избегне банкрот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




