ПЛАНОВИ ЗА НА ЕСЕН: Можно е да се користат студентските домови за сместување пациенти
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска уште еднаш повтори дека останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и
посилно ќе се шири, луѓето нема да може да бидат надвор, ќе бидат повеќе во
затворени простории, па во таа насока интензивно работат на подготовка на капацитетите за
тој период.
-Според сите анализи и предвидувања останува претпоставката дека наесен побрзо и посилно ќе се шири вирусот поради тоа што луѓето ќе бидат повеќе во затворени простории и нема да бидат надвор. Раговарав со директори на болници и други институции за да се направи план за искористување на капацитетите. Меѓу нив, можно е да се користат студентските домови во Охрид и во Битола каде може да се сместуваат пациенти. Наскоро ќе биде готов целосниот план за користење на капацитетите и планот за ротација на медицински персонал за справување со вирусот во есенските месеци. Светот е далеку од крај на пандемијата, вирусот е тука, имаше повеќе земји кои прогласија крај на епидемијата и очигледно погрешија со попуштање на мерките, повторно се враќаат случаи насекаде. Апелирам за безусловно почитување на мерките, потенцираше Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.