Плантажа во Србија од која килограм чини 1500 евра…
Објавено во: Стил, Финансии 03 Август, 2016 14:41
Иако лавандата се одгледува во Медитеранот, постои место во Србија каде оваа билка вирее веќе осма година и има добар квалитет.
Најголемата плантажа со лаванда на Балканот се наоѓа во Стара планина. Освен лаванда, има и смиљ од кој еден килограм масло чини 1500 евра.
Со многу труд и посветеност на полето работи Лилјана Петровиќ.
„Многу работи не знаев, но многу патував, не знам ни јас колку пати сум била во Франција, но праксата е нешто друго. Она што ќе го видите, нема врска со она што ве чека“- вели таа.
Прво се коси, се обработува земјата и се собира цветот. Потоа цветовите завршуваат во казани за дестилација. Некогаш тоа било рачно, а сега се работи машински.
„Лесно е на младите да им речете, аха засадете, тоа е профитабилно, тоа е супер, но што понатаму? Не е лесно да се прави дестилера, да се прави сушара и тоа секако многу чини“ - додава Петровиќ.
Таа вели дека на третата година веќе има профит од оваа работа. Бидејќи се работи за органско производство, маслото е многу скапо и го продава на белгискиот пазар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





