„Платеници 3“ без Брус Вилис – барал по еден милион долари на ден за снимање на филмот
Објавено во: Стил 08 Август, 2013 22:00
Без Брус Вилис ќе се снима третото продолжение на филмот „Платеници“. Причина е што актерот барал премногу висок хонорар, односно еден милион долари од ден снимање.
Вилис се откажал, откако открил дека за четири дена снимање, ќе добие хонорар од три милиони долари, а тој барал четири. Продуцентот, и автор на франшизата, Силвестер Сталоне, експресно го одбил и го заменил со Харисон Форд.
„Мислам дека Брус се изненади што му најдоа замена во рок од 72 часа. И тоа подобар актер, подобра личност и многу поинтересен карактер за филмот“ изјавил извор близок до продукцијата.
Во исто време, и Сталона на својот твитер профил објавил скриена порака до Вилис: „Алчност и мрзеливост, сигурна формула за пропаст на кариерата“.
Снимањето на „Платеници 3“ почнува овој месец, а филмот ќе се појави во кино салите следната година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





