ПЛАТИ И ДО 34 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Фондот за пензиско ќе се „поднови“ со осум раководители и еден соработник за јавни набавки
Објавено во: Македонија 15 Март, 2021
Пензискиот фонд со нови вработувања. Ќе се вработат девет службеници, а платата се движи и до близу 34.000 денари.
Агенцијата за администрација во саботата распиша оглас за вработување во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, при што се бараат осум раководители на филијали во неколку градови. Пред неколку дена, пак, распишан е оглас за прием на соработник за следење на јавните набавки.
Прво се бара раководител на Филијалата во Штип. Меѓу другото, тој треба да има најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Неговата плата ќе изнесува 33.628 денари, наведено е во огласот на Пензискиот фонд.
Понатаму, на оглас се бара и раководител на Филијала Кавадарци, и неговата плата ќе биде нешто пониска и ќе изнесува 32.570 денари, додека, пак, рааководителот на Филијалата Крива Паланка, ќе зема уште понизок месечен надоместок, кој ќе изнесува 30.984 денари.
Фондот за пензиско ќе вработи и раководител на Деловницата Неготино, чија плата ќе изнесува 29.397 денари, како и раководител контролор на Деловницата во Валандово, кој ќе ја зема истата висина на платата.
Понатаму, се бара раководител на Филијалата Тетово, чија плата ќе изнесува 33.628 денари, како и раководител на кумановската филијала, со исто толкава месечна плата.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку оглас бара и раководител контролор на Деловницата во Свети Николе, со плата од 29.397 денари.
Пред неколку дена, пак, на 10 март, ПИОМ преку оглас побара соработник за следење на реализација на склучените договори, во Одделението за јавни набавки, и тој ќе зема нешто пониска плата од раководителите, односно 25.167 денари,
Фондот за осигурување, според податоцте од Буџетот за оваа година, треба да има вкупн број од 539 вработени.
Долг период менаџерската палка во овој Фонд ја држеше ДУИ, а во моментов директорка на Фондот за ПИОМ е Билјана Јовановска од владејачката коалиција предводена од СДСМ.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.