27 Април, 2024
0.0271

ПЛАТИ ВО ЕВРОПА: Големи разлики од земја до земја

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Големината на минималната плата во ЕУ варира во многу широки граници - од 235 евра во Бугарија и 322 евра во Романија, до 1 999 евра во Луксембург. 

Ова се наведува во извештајот на европската агенција Eurofound. Истражувањето е направено во врска со коментарот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој рече дека секоја земја во ЕУ треба да воведе минимална плата, која е значаен инструмент во борбата против социјалната нееднаквост. Само во шест земји од заедницата, а меѓу нив се Австрија, Италија, Данска и Финска, нема дефинитивно минимална плата за вработените. Податоците покажуваат дека минималната плата е околу 1 500 евра во Франција и Белгија, а во Германија и Велика Британија се пресметува на час, нешто малку под 9 евра. Земјите од јужна Европа не можат да си дозволат толку високи плати, но сепак минималната плата е повисока отколку во „новите членки" од Источна Европа, наведува агенцијата. Во Грција на пример минималната плата е 586 евра, во Португалија е 557 евра, а во Шпанија - речиси 708 евра.

Во секоја од земјите, со исклучок на Грција, има раст на минималната плата во однос на 2016 година.  Најзабележително е зголемувањето во Романија - 38%. За последните седум години во Романија, исто така се забележува најголем раст на минималната плата - со 142%, а во Бугарија зголемувањето е со 92%. На спротивна страна  е Грција. Таа е единствената држава во ЕУ, каде минималната плата се намалува од 2010 година - 20%.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност