Плевнелиев: Не ja поддржуваме Македонија безусловно, сакаме крај на антибугарски кампањи
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 16:55
Македонија ја има поддршката на Бугарија на патот кон евроатлантските вредности, но таа поддршка не е безусловна.
Ова го изјави претседателот Росен Плевнелиев при средбата со својот македонски колега Ѓорге Иванов денеска.
"Бугарија сака искрено и е подготвена да биде двигател на европската интеграција на Република Македонија. Напредокот на секоја земја од Балканот во овој процес ќе биде успех и за целиот регион ", изјави Росен Плевнелиев.
Тој потврди дека поддршката на Бугарија за нашата земја не е безусловна и повика за забрзување на потпишувањето на билатералниот Договор за добрососедство кој ќе даде нов импулс во билатералните односи и ќе го забрза процесот на европска интеграција.
"За Бугарија е многу важно да биде прескокнато чувство дека во Република Македонија периодично се одржуваат антибугарски кампањи", посочи уште Плевнелиев и повика за заедничко одбележување на познати личности и настани од нашата заедничка историја.
Шефот на државата потсети дека Бугарија има билатерални договори за добрососедство со многу од нејзините соседи во Југоисточна Европа и денес гради со нив плодна и заемно корисна соработка.
"Време е за нови односи помеѓу Република Бугарија и Република Македонија", рече претседателот Ѓорге Иванов. Претседателите ги повикаа министерствата за надворешни работи на двете држави да ги решат спорните прашања во преговарачкиот процес за потпишување на билатерален Договор за добрососедство.
И Росен Плевнелиев, и Ѓорге Иванов се изјаснија за забрзување на изградбата на регионалните транспортни и енергетски врски, кои ќе го променат изгледот на Југоисточна Европа и да ја поттикнат меѓусебната трговија, инвестиции и туризам.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




