19 Декември, 2025
0.0672

По 25 часа преговори донесен новиот европски буџет, тежи 960 милијарди евра!

Објавено во: Свет 08 Февруари, 2013 18:16

Добивај вести на Viber

Идниот седумгодишен буџет на Унија ќе тежи 960 милијарди евра, се договорија лидерите на 27-те држави-членки на Европската унија. Преговорите за новиот европски буџет траеја  повеќе од 25 часа во рамките на Самитот на Европскиот совет.

Според последните случувања кои го пратеа Самитот, британскиот премиер Дејвид Камерон излезе како најголем победник откако успеа во намерата за кратења на трошоците во идниот буџет на Унијата.

Договорените 960 милијарди евра со кои ЕУ ќе располага во идите седум години значат и намалување од 3% во однос на актуелниот седумгодишен буџет (2007-2013), кој беше позициониран на 994 милијарди евра. Ова е првпат во 56-годишната историја на ЕУ, новата буџетската рамка да биде помала од претходната. Сумата што првите луѓе на Унијата ја договорија е далеку пониска и од предлогот на Европската комисија, што изнесуваше 1,025 билиони евра. Како што пренесоа европските медиуми, на овој состанок повторно излегла на површина поделеноста во Европската унија меѓу двете групи, при што едната ја сочинуваат земјите што во буџетот уплаќаат повеќе отколку што добиваат, а другата се земјите што повеќе користат отколку што донираат. Како што е познато, првата група е наречена „пријатели за подобро трошење” кои во време на економска криза бараат штедењето и буџетските кратење што ги прават во своите држави да се случува и во самата Унија. Другите, кои се именувани како „пријатели на кохезијата”, инсистираат на тоа мерките за штедење во европскиот буџет да не бидат на штета на средствата од кои се финансираат проекти наменети за намалување на разликата меѓу богатите и сиромашните земји во ЕУ. Најголем удар за ЕУ е тоа што е договорено намалување на вработените во раководните одделенија на европската админситрација за пет проценти и замрзнување на платите на сите што работат во структурите на Европската унија во следните две години. Во победничкиот тим на Велика Британија се најдоа и Шведска, Холандија и Данска, но се смета дека ваквото решение и одговара и на Германија, која долго време инсистира на штедење, иако на овој Самит, канцеларката Ангела Меркел не зазема страна меѓу Британците и Французите.

Можеби ќе ве интересира

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација