По 30 илјади денари за промоторите на Македонија?!
Објавено во: Стил 25 Јули, 2013 14:02
Конкурс за доделување на еднократни финансиски средства наменети за творечки дејности реализирани во 2012 година од наставници и соработници на високообразовни установи, распиша Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за култура.
Наставниците и соработниците од високообразовните и научни установи кои активно творат во областите ликовна, драмска, музичка уметност, архитектура, филм и книжевност и ја промовираат Република Македонија на престижни светски настани, може да аплицираат на Конкурсот.
Mоже да аплицираат оние кои учествувале или настапиле на фестивал кој е член на Европската асоцијација на фестивали, кои учествувале на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија, како национален претставник или учествувале или настапиле на меѓународен проект и манифестација надвор од Македонија, каде изборот на учесниците се објавува по пат на конкурс, аудиција или селекција.
За оваа намена се обезбедени финансиски средства од буџетот на Република Македонија за 2013 година, а надоместот за творечки дејности е во еднократен бруто износ од 30 илјади денари по наставник/соработник.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





