ПО 60.000 ДЕНАРИ ОД СЕМЕЈСТВО: Советот на Агенцијата за медиуми со итна помош за фамилиите на настраданите во пожарот во тетовскиот ковид центар
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2021 13:23
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одобри помош за семејствата на трагично починатите граѓани во пожарот во модуларената болница во Тетово.
Според информациите, износот на средствата кои ќе им бидат исплатени на семејствата е во висина по 60.000 денари посемејство.
АВМУ искажува најдлабоко сочувство за ужасната трагедија која се случи вчера вечерта во ковид центарот во Тетово.
Како што е познато од досега соопштените официјални информации, животите во страотниот пожар кој изби во тетовската модуларна болница, животите ги изгубија 14 лица.
Исто така, како што соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, таа ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата на деновите на жалост, така што забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија, планирани да се емитуваат овие три дена, ќе ги прераспоредат за други денови од седмицата.
„Музиката што ќе ја емитуваат радиодифузерите треба да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие три дена да не се емитува рекламирање“, се вели во соопштението од АВМУ.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




