По Центар и Аеродром со порака до сопствениците на домашни миленици
Објавено во: Стил 20 Септември, 2013 13:57
Општина Аеродром апелира до граѓаните да се почитуваат законските одредби во врска со домашните миленици. Забрането е шетање на домашните миленици во дворовите на градинките и училиштата на територијата на општината.
Од општината информираат дека до нив стигнуваат поплаки од жителите оти во попладневните и вечерните часови може да се забележат несовесни граѓани како ги шетаат домашните миленици во дворовите на градинките и на училиштата, каде си играат децата.
Според законските одредби, домашните кучиња задолжително треба да носат заштитна маска и да бидат врзани, доколку има поголема раздвиженост на граѓаните, како и да се собира изметот на кучињата и да се фрла во кантите за отпадоци.
Општина Аеродром ги информира граѓаните дека пријавувањето на кучињата-скитници, како и други улични животни се врши во службите на ЈП „Комунална хигиена“, во Шинтерската служба на телефонот 8201 357.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





