ПО ДЕБАКЛОТ СО СЕВЕРНА ИРСКА - Драги Сетинов е подготвен да стане селектор на женската фудбалска репрезентација
Објавено во: Спорт 01 Декември, 2021
Поранешната фудбалска легенда на Вардар и на Хајдук, Драги Сетинов, вели дека е подготвен да биде селектор на А репрезентацијата на Македонија во женскиот фудбал.
Ова тој го соопшти преку својот фејсбук профил.
Како што наведува, тој би седнал на преговори со раководството на ФФМ за да ја добие оваа спортска функција.
„Почувствував потреба јавно да се произнесам бидејќи добив многу пораки и телефонски повици во врска со темата за нов селектор на А репрезентацијата на Македонија, каде сум наведен како најсериозен кандидат. Точно е дека добив предлог и бидејки редовно го следам женскиот фудбал, имам визија, план и програма, се со цел за подобри резултати со кои би се оправдале вложувањата кои не се мали. Секако, подготвен сум да седнам со раководството на ФФМ и да се договориме за доброто и подигнување на квалитетот на женскиот фудбал во Македонија. Спортски поздрав“, пишува Сетинов на својот фејсбук профил.
Како што е познато, македонската женска фудбалска репрезентација доживеа два страшни порази од Северна Ирска. По срамниот пораз од 11-0 во Скопје, таа репрезентација сега ги „почести“ фудбалерките на Македонија со 9-0. Ова беше натпревар од шестото коло од квалификациите за СП меѓу Северна Ирска и Македонија.
Северна Ирска ни даде дури четири голови во првото и пет во второто полуверме. Македонија и по овој пораз останува на претпоследното место со освоени три бода.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.