15 Декември, 2025
0.0306

По дождот и студот, Славчо Попоски открива какво време ќе имаме за Велигден

Објавено во: Македонија 19 Април, 2021 07:05

Добивај вести на Viber

Иако овој месец април имаме невообичаено студено време, метеорологот Славчо Попоски вели дека за големиот христијански празник Велигден сепак ќе имаме убаво време.

Објаснува дека според прогнозите ќе следи стабилизација, ќе имаме топло време, со температури од 20 или повеќе од 20 степени.

„Во следните денови очекуваме пораст на температурите на воздухот. За Велигден исто така ќе биде топло и без некои пообилни врнежи. Од сега гледано температурите ќе бидат околу, но и над 20 степени. Точно е дека овој април е постуден од вообичаеното, а забележавме во изминатиот период и значителни врнежи од снег во регионот. Температурите беа пониски дури и за 20 степени од нормалните во регионот. Кај нас беа пониски некаде за околу 10 степени и тоа не е малку. Но, тоа е нормално за нашиот регион и тоа е  така затоа што сме под директно влијание на студените воздушни маси кои се спуштаат од север. Во регионот април беше врнежлив,  но кај нас и не баш поради тоа што немаме толку многу врнежи во Македонија. Имаме, но не многу обилни“, рече Попоски.

На почетокот на април имаше снежна покривка во Македонија, што доведе до потешкотии во сообраќајот. Слично беше и во регионот. Делови од Србија и Хрватска беа завеани. Во Србија снежната покривка достигна 40 степени.

Светски познатата метеоролошка служба AccuWeather претходно објави голема сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година. Метеоролозите најавија дека невремето што ја зафати западна Европа, а потоа и јужниот дел на континентот во текот на зимските месеци, може да остане активно во рана пролет. Според нив, можни се обилни врнежи од дожд и поплави, со што луѓето ќе бидат лишени од пријатните топли денови.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“