18 Декември, 2025
0.0556

По ФЕД и Швајцарската централна банка ги зголемува каматните стапки

Објавено во: Економија 23 Март, 2023 11:07

Добивај вести на Viber

Утрово и швајцарската народна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, со што ја донесе на 1,5 отсто. Оваа промена на каматната стапка е четврти последователен пораст и промената на референтната стапка е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Најновото зголемување на стапката доаѓа бидејќи домашната инфлација останува далеку над целта на Швајцарската национална банка од 0 до 2 отсто.

Претходно и Централната банка на САД најави дека ќе ги покачи каматните стапки по потресите предизвикани од колапсот на две американски банки. Федералните резерви (ФEД) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто, сигнализирајќи дека има спремност за запирање на понатамошно покачување на чинењето на кредитите. Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4,75 до 5,00 отсто, а ова е деветто зголемување досега во напорите на ФЕД за зауздување на инфлацијата во изминатите две години.

Во однос на банкротот на двете крупни банки, Баката на Силиконската долина Сигначр Банк, ФЕД во својата изјава не напоменуваат за можноста за понатамошно покачување на стапките.

Од друга страна, Швајцарија, каде инфлација се искачи на 3,4 проценти во февруари во однос на претходната година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, иако потрошувачките цени се дел од растечките стапки на европските соседи на земјата, посочи дека мерките се за зауздување на инфлацијата.

Каматните стапки на земјата за првпат тргнаа од негативна територија во септември, а швајцарската централна банка ги изненади пазарите во јуни кога ги зголеми стапките за прв пат од 2007 година.

Народната банка на Швајцарија посочи дека може да има дополнителни зголемувања на каматните стапки доколку продолжат инфлаторните притисоци.

Швајцарската народна банка беше во центарот на вниманието во изминатата недела откако се согласи да позајми до 50 милијарди швајцарски франци (53,68 милијарди долари) на кредиторот Credit Suisse. Акциите на заемодавачот остро паднаа по веста дека нејзиниот најголем инвеститор, Саудиската национална банка, нема да обезбеди дополнителна финансиска помош.

Резултирачкото спасување ликвидност и преземање на UBS дојде по бурната серија скандали и загуби за Credit Suisse.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа