13 Декември, 2025
0.0655

ПО МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Црногорците во полиција враќаат пушки и пиштоли

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2025 07:27

Добивај вести на Viber

Црногорци во последните три дена вратиле 19 пиштоли и 14 пушки. 

Полициската управа на Црна Гора соопшти дека граѓаните во последните три дена во повеќе црногорски градови доброволно вратиле 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје.  Оружјето го вратиле како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати го оружјето“ која се спроведува долги години.

Апелираме до сите сограѓани да дадат свој придонес за севкупната безбедност на општеството и да ги предадат огненото оружје, муницијата и експлозивните направи што ги поседуваат, без никаква законска, односно кривична или прекршочна одговорност и без разлика дали го поседуваат оружје противправна или легална сопственост“, велат од Полициската управа. 

Во престрелката што се случи на 1 јануари во Цетиње загинаа 12 луѓе. Напаѓачот Ацо Мартиновиќ (45) се самоуби по масакрот. Тој имал психички проблеми, му препишале терапија, но не го однеле на лекување во здравствена установа.  Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост. Пред две години во Цетиње имаше масакр кој го изврши Вук Бориловиќ, кого полицијата го уби. 

Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата која се случи во Цетиње. 

Можеби ќе ве интересира

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС