18 Декември, 2025
0.0381

По неколку месеци пауза албанските државјани повторно доаѓаат на шопинг во Дебар

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Граѓаните од соседна Албанија по неколку месеци пауза, повторно навалија на шопинг во Дебар, откако границите се отворени, и се патува без ПЦР тест.

Секојдневно доаѓаат во градот Дебар за да купуваат храна, облека, да посетат фризер, а најголема гужва има во сабота, кога е пазарен ден. Албанските државјани помагаат да се раздвижи локалната економија во Дебар.

„Тие се како „кислород“ за градот. Купуваат овошје, зеленчук, техника, гориво. Тоа се претежно жители  на градот Пешкопеја и околните села. Доаѓаат во Дебар затоа што е евтино, но и поради близината. Жителите на некои погранични села поминуваат неколку километри за да стигнат до Дебар, а да одат до најблискиот албански град треба да поминат 20 километри. Отсекогаш имало албански државјани кои доаѓаат да пазаруваат во Дебар, но последните 10 до 12 години тоа се интензивира“, вели Фисник Сарачи од регионалната занаетчиска комора во Дебар.

Сопствениците на бутици велат дека во овој кризен период, муштериите од Албанија им помагаат да опстанат.

Доаѓаат многу луѓе од албанските села и нам многу ни значат. Да не се тие во овој тешок период, ние ќе затворевме. Дебар има повеќе бутици, така што купуваат гардероба, тука се облекуваат. Можат да плаќаат во денари, но и во леќи“, објаснуваат од бутик во Дебар.

Од друг бутик во градот велат дека веќе 5-6 месеци состојбата е стабилизирана.

„Задоволни сме, имаме работа откако се отворија границите. Доаѓаат луѓе од повеќе места во Албанија, има и од Тирана, се шетаат во градот, купуваат, одат на бања, во кафулиња, слаткарници. Ако не се тие, ќе седиме цел ден за џабе во дуќаните“, додаваат од друг бутик.

Стопанствениците од овој град велат дека 50 отсто од прометот го прават албанските државјани и благодарение на нив Дебар живее. Доколку не се тие, сметаат дека многу фирми ќе бидат затворени, а работниците отпуштени. Додаваат дека во Дебар бројот на жители се намалува, младите заминуваат и претежно се останати постари луѓе. Пролетта 2020 година беше тешка за Дебар, затоа што овој град стана жариште на коронавирусот и тоа се одрази на целокупното живеење. Бројката на потврдени случаи на коронавирусот во Дебар од почетокот на епидемијата се приближува кон 800.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа