По неколку неуспешни обиди на ред стигна пратениците да дискутираат за разрешувањето на Зврлевски
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2017
Вчера стигна на ред разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Зврлевски вчера се појави на седницата на која има право да биде присутен но не успеа да дојде до збор. Спикерот Џафери, по утврдувањето на пријавените говорници најави дека седницата ќе продолжи утре. Деведесет пратеници, побараа збор за оваа точка.
Разрешувањњто на Зврлевски доаѓа по предлог на Владата а досега неколкупати имаше неуспешни обиди за негово разрешување.
Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ претходно поставија и нов услов – разрешувањето на Зврлевски ќе се дискутира, откако во редовна постапка ќе се разгледаат измените во законот, преку кои бараат тие да го предложат новиот обвинител, а собранието да го гласа со двотретинско, наместо со просто мнозинство.