15 Декември, 2025
0.1198

По невремето има поплавени куќи во Гостивар

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023 19:47

Добивај вести на Viber

Невреме со пороен дожд денеска имаше во Велес и Гостивар. Во Гостивар, паѓаше и град со големина на лешник. 

Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината Гостивар, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.

Според информациите од ЦУК на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

„На селскиот пат што води до ресторанот Дабов лад, има повеќе, но помали одрони на земја, а на патот има паднати дрва. Жителите работат на отстранување на наносите од земја и дрвја. Поплавена е улица Бањешница, општина Гостивар и има излевање на водата по патот од каналот кој не е исчистен. Од ЈКП Комуналец од Гостивар е пратен багер за да го исчисти каналот за да се повлече водата по течението на каналот. После санација на каналот багерот и екипи на ЈКП Комуналец ќе продолжат во санација на штета во с.Беловиште. Во населбата Циглана од шумата надоаѓа вода со кал и е влезена во двор на една куќа. Во моментот жителите сами се справуваат со надојдените води, но истите стравуваат од нов бран на вода. ЈКП Комуналец од Гостивар со 2 багери и 1 пумпа за испумпување на вода и 12 пожарникари со 2 ПП воизла во период од 15:40 до 16:35 часот, интервенирале во Градска Болница-Гостивар, каде е решен проблемот со канализација. Истите екипи во моментот интервенираат на ул.Бањишница и се очекува во краток временски период последиците од дождот да бидат санирани. Откако екипите ќе завршат ќе бидат упатени кон с.Беловиште за да интервенираат на расчистување на калта и испумпување на вода во зависност од состојбата на теренот. Екипите интервенираат по приоритет“, информираат од ЦУК. 

За состојбата известени се сите субјекти на локално ниво ЕЛС Гостивар, ДЗС Гостивар, ТППЕ Гостивар, ЈКП Комуналец Гостивар за да превземат мерки во нивна надлежност се со цел да се санираат последиците од поплавата.
Нестабилно време ќе имаме и во наредните денови. Дури и за месец јуни има најави дека почесто од вообичаено ќе имаме врнежи од дожд. 
фото МИА

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани