ПО ОСУМ ГОДИНИ ДИРЕКТОРУВАЊЕ, ШТЕФАН ПЕТЕР ВЕЌЕ НЕ Е ПРВ ЧОВЕК НА ЕВН МАКЕДОНИЈА - Волфганг Мајер доаѓа на позицијата претседател на УО на компанијата
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023 10:08
Долгогодишниот познат директор Штефан Петер повеќе не е прв човек на ЕВН Македонија.
Тој од денеска, како што дознава Фактор, не е претседател на Управниот одбор на оваа домашна компанија со странски сопственик.
По осум години директорување на Петер, местот прв човек на ЕВН Македонија го зазема друг кадар од австриската групација.
Имено станува збор за Волфганг Мајер, кој ќе ја преземе функцијата претседател на УО на ЕВН Македонија.
Тој доаѓа од позицијата менаџер за човечки ресурси на ЕВН АГ во Виена, практично менџер за човечки ресурси на целата ЕВН Групацоја. Диплимирил на Виенскиот универзитет за економија и бизнис. Има исклучителен придонес за кадровски и организациски развој во групацијата, како и во делот на дигитализацијата.
Додека, пак, според информациите, досегашниот успешен директор на ЕВН Македонија, Штефан Петер се враќа во Виена и ќе ја продолжи својата кариера на висока позиција во групацијата ЕВН АГ.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




