ПО ПЕТ ДЕЦЕНИИ: Изграден е посебен влез за Итната помош во Клиничкиот центар
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2020
По 50 години изграден е посебен влез за Итната помош во Клиничкиот центар.
Министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека ова е важен инфраструктурен проект кој ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.
„После повеќе од 50 години имаме посебен влез за возилата на Итната медицинска помош до Ургентниот центар на Хирургија, нов паркинг до зградата на Клиниката за гинекологија и акушерство на местото каде што беше старата гинеколошка клиника и нови улички кои ги спојуваат веќе постојните улици, со што очекуваме да се намали метежот во клиничкиот кампус, но и на улицата стара Водњанска, што мислам дека е една значајна придобивка. Дополнително на сето ова, овозможуваме многу полесно движење на пациентите низ клиничкиот кампус, полесно движење на интерклиничкото возило и посебни патеки за движење на пациентите со колички, било да се тоа седечки или лежечки пациенти“ – изјави министерот.
Филипче додаде дека во следната фаза ќе се работи на уште неколку влезови и излези, како и уште еден паркинг кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби околу мобилната болница, со што целосно ќе се смени сликата и ќе се олесни функционирањето на клиничкиот центар.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и министерот Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во градежните активности.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.