18 Декември, 2025
0.0553

По решението на името: Странци навалиле да купуваат станови и згради во Македонија

Објавено во: Економија 30 Мај, 2019 15:30

Добивај вести на Viber

Се зголемил интересот за купување земјиште, но и згради и станови во Скопје но и во некои други градови во земјава од странци или нашинци кои живеат надвор од земјата, велат во агенциите за недвижнини.  Се тврди дека решението на проблемот со името дополнително ја набилдал побарувачката, а некои од потенцијалните инвестотори барале да купат земјиште за да градат најмногу хотели и згради, ама и старечки домови. Сепак, како што велат од агенциите, странците тврделе дека процедурите во земјава не се баш едноставни, па некои од нив се откажувале.

„Од повеќе делови од Европа има заинтересирани да купуваат земјиште и недвижнини во државата. Посебно за градење на згради и хотели, но има и интерес за изградба на старечки домови. Во моментов имам побарувачка од страна на турски бизнисмени кој сака да изгради зграда и хотел во Скопје и Охрид, Германец бара локација-маркица за градење на зграда во Скопје, Италијанец  планира да инвестира во мала населба, да изгради куќи и згради на дел од Скопје, а имам и клиенти странци кои се во партнерство со  Македонци кои сакаат да градат старечки домови, посебно во Дојран и Охрид“, вели за Фактор  Снежана Динева од скопската агенција за недвижности Простор

Годинава, вели Динева имала зголемена побарувачка и за купување стан од нашинци или странци кои имаат некаков линк со земјава.

„Норвежанци, Германци, Швајцарци и други купувачи од Европа сакаат да си купат стан во земјава, затоа што овде им се поефтини, за да стекнат капитал повеќе, да профитираат од истите. Но има и побарувачи на станови, кои планирале своите пензионерски денови да ги поминат во  оваа држава“, истакнува Динева.

Според  агенцијата странците се загреани за свои инвестиции во нашата држава но наидуваат на долги процедури и многу време губење по институциите за да отпочнат официјално со градба, процедури со кои се губат дел од инвеститорите, како што вели таа  едноставно се откажувале. Според неа државата мора да обрне внимание и на овој дел и да се потруди да ги скрати или забрза процедурите, за да не ги губиме инветиторите.


Н.М.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа