По смртоносни ерупции, силен земјотрес ја погоди оваа земја
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2018
Земјотрес од 5,2 степени го погоди денеска крајбрежјето на Гватемала, еден ден по силната вулканска ерупција која уби над 38 луѓе.
Епицентарот бил во Пацификот, на длабочина од 10 километри, објави Американскиот геолошки центар.
Засега нема податоци за можни жртви или штети.
Земјотресот се случува по неделната ерупција на вулканот Фуего.
Втората ерупција денеска исфрли дополнителни количества кал, пепел и гасови.
Новата експлозија ја отежна и работата на спасувачките екипи, кои ги извлекуваат телата на настраданите мештани на селото Ел Родеао.
Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем, бидејќи има населени места со кои не е воспоставен контакт.