14 Декември, 2025
0.0595

По „Црниот петок“ доаѓа „Сајбер понеделник“, Американците рушат рекорди во шопинг

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2012 09:37

Добивај вести на Viber

Американските купувачи со нов рекорд по онлајн потрошувачка за годинешниов „црни петок“, го надминаа за првпат прагот од една милијарда долари за еден ден, соопштија аналитичарите. Четирите дена одмор за време на Денот на благодарноста се почеток на празничниот шопинг сезона во САД, а Црниот петок се смета за критичен ден, потсетуваат медиумите. Бидејќи трошоците на граќаните сочинуваат поголем процент од американската економска активност, Црниот петок има огромно значење за американската економија за целата година. Оваа година онлајн купувачите потрошиле дури 1.042 милијарди долари, што е за 265 повече од лани,  соопшти консултантската компанија „Comscore“.  Вкупно 57.3 милиони Американци ги посетиле онлајн сајтови за продажба во петокот или за 18% повеќе од лани. Најпосетен сајт за продажба овој црн петок  бил „Amazon.com“. најмногу се купувале мобилни телефони и таблети. Сепак појаснуваат аналитичарите, американските маркетинг компании имаат идеи. Новиот рекорд веројатно ќе се задржи кратко време бидејќи за „Сајбер понеделник“, денот кога Американците се враќаат на работа, сајтовите за продажба почнуваат големи промоции за привлекување на уште купувачи. „Според статистиката во последните три години, понеделникот по Денот на благодарноста треба да е најоптоварениот ден за купување ден од сезоната, а продажбата може да стигне до 1.5 милијарди долари, па дури и повеќе“, посочи компанијата ШоперТрак. Вкупно во претходните четири викенди американските купувачи потрошиле 59.1 милијарди долари, за 13% повеќе од лани, соопшти Националната федерација за малопродажба.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск